Седум плажи на охридското крајбрежје во текот на претстојната летна сезона ќе бидат слободни за користење ако Министерството за транспорт и врски не им најде стопан до утре, кога истекува рокот на последниот оглас за концесија, кој беше објавен неодамна.
Овие плажи не беа издадени со претходните објави затоа што старите концесионери, кои стопанисуваа со дел од нив, не се пријавија за лицитација. Тие неодамна јавно побараа од Министерството да ја намали цената на плажите на потегот од Горица до Лагадин и да ја укине банкарската гаранција.
Некои од старите концесионери, со кои успеавме да стапиме во контакт, велат дека нема да ја променат својата одлука и нема да се јават на последниот оглас за концесија.
Иако неколкупати се обративме до надлежните и побаравме да се намали цената за закуп, не ни излегоа во пресрет. Не верувам дека некој од претходните концесионери на овие плажи ќе види економски интерес за повторно да ја земе плажата под концесија под овие услови вели долгогодишен концесионер на една од плажите, која се уште не е издадена.
Тој апелираше до надлежните институции на локално и државно ниво да се погрижат за уредување на неиздадените плажи и да ги одржуваат во текот на сезоната.
Би било многу жално ако тоа што го имаме вложено во инфраструктура се остави на совеста на туристите. Сметаме дека некои од надлежните треба да се погрижат овие плажи да имаат убав изглед преку летото, иако нема да имаат 3 концесионери. Треба редовно да е ги одржуваат и да ги чистат, а треба да обезбедат и спасители за безбедноста на капачите велат старите концесионери.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Дневник
Датум на објавата: 30.05.2012
Автор: Е.М.