Т-Мобиле подготви атрактивна новина во своето портфолио и од утре воведува нови тарифни пост пејд модели.
Новите тарифи овозможуваат намалени цени и зголемени придобивки за сите пост пејд приватни и бизнис корисници. Со новата понуда, отсега пост пејд корисниците во рамките на месечната претплата можат да зборуваат слободно и без ограничувања кон 1,5 милиони корисници на Т-Мобиле и Т-Хоме.
За месечна претплата веќе од 599 денари, освен неограничените разговори кон Т-Мобиле и Т-Хоме, корисниците можат да зборуваат за 0 денари и кон останатите мрежи.
Дополнително, новите тарифни модели вклучуваат и до 3 пати повеќе мобилен интернет. Па така, сега пост пејд корисниците на мобилните услуги можат да сурфаат на најбрзата 3Г мрежа и да уживаат во квалитетната и сигурна врска, при што нивната сметка за интернет нема да ја надмине месечната претплата.
Бизнис тарифните модели пак, вклучуваат неограничени разговори кон Т-Мобиле и Т-Хоме, 0 денари разговор кон други мрежи, мобилен интернет, како и бесплатни разговори во рамките на компанијата.
Динамичното време бара сите услуги да функционираат беспрекорно добро, секогаш и насекаде. Затоа ние секогаш се трудиме на корисниците да им овозможиме одлични услуги, модерни и иновативни решенија, со кои ќе се задоволат комуникациските потреби на секој човек во движење. Со новите тарифни модели, Т-Мобиле се прилагодува кон потребите на секој корисник, овозможувајки им најдобра вредност за нивните пари. На овој начин обезбедуваме врвно корисничко искуство, комуникација, многу забава и олеснување на бизнисот. Едноставно, ние им го нудиме најдоброто на нашите корисници, без компромис!, изјави г-дин Жарко Луковски, Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Новата понуда со намалени цени и зголемени придобивки, важи за постојните и за новите пост пејд приватни и бизнис корисници на Т-Мобиле. Миграцијата кон новите тарифни модели е едноставна, без обврска за потпишување на нов договор за лојалност. За активирање на зголемените придобивки, корисниците можат да се јават на телефонскиот број 122 или да посетат некоја од Телеком продавниците.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.inpress.com.mk
Датум на Објава: 31.05.2012