Сковин се Пие до Австралија

//Сковин се Пие до Австралија

Сковин се Пие до Австралија

Винарската визба „Сковин” е основана во 1979 година, продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим. Таа за жителите на Скопје долго време важеше за место каде што може да се најде автентично домашно вино. По станувањето на дел од групата„Фершпед АД, кое беше проследено со значајни инвестиции, „Сковин” стана една од најдобро опремените винарски визби во регионот, која произведува големи количества висококвалитетни вина според најнови технологии и стандарди и обезбедува широка дистрибуција во земјава и во странство.

Најголем дел од своето вино, „Сковин” го пласира во регионот и на пазарот на Европската унија. Други значајни пазари на „Сковин” се и оние на Далечниот Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година се повеќе се зголемува. Вината на „Сковин” можат да се најдат и во прекуокеанските земји, се до Австралија.

Во компанијата особено се горди на извозот на јапонскиот пазар, кој важи за доста пребирлив, со високи стандарди и критериуми во поглед на квалитетот и сигурноста на виното, а „Сковин” веќе неколку години успешно работи на него. Голем успех за „Сковин” претставува и влезот на рускиот пазар, кој е еден од најголемите пазари на алкохолни пијалаци во светот.

Во 2011 година, на меѓународните пазари се случија два значајни настани за „Сковин”. Компанијата учествуваше во селекцијата на вино во Хонг Конг и во присуство на огромен број винарски визби од светот, врвното вино „марков манастир” на „Сковин” го освои златниот медал за најголема компатибилност со локалната храна.

Истата година,„Сковин” влезе на холандскиот пазар, како на полиците на традиционалните маркети, така и во продавниците на интернет на веб страниците на увозниците.

Тајната на лозовите насади

Лозовите насади на „Сковин” се познати по тоа што даваат единствена арома на вината, одраз на остриот мраз и долгото суво сончево лето. Нивната уникатна локација на 400 – 600 метри надморска височина на јужните падини на Водно, во областа наречена Сончева долина и идеалниот спој од автохтони и меѓународни сорти, се „виновниците” за производство на вино со врвен и уникатен вкус и стил.

Нивниот врвен квалитет и впечатлив вкус е докажан во светот со 53 меѓународни награди и признанија.

Прво органско вино

„Сковин” е пионер во органското производство на винова лоза во Македонија. Четирите години на подготовка, дисциплинирана и стандардизирана обработка на насадите со органско производство ги дадоа првите плодови и во 2011 година „Сковин” го лансира своето прво органско вино „санџовезе”.

[custom_frame_center]Сковин се Пие до Австралија[/custom_frame_center]

Превземено: Фокус Дневен Додаток

Датум на објавата: 02.06.2012

By | 2012-06-02T10:27:58+00:00 02/06/2012|Земјоделство|