Отпадот Може Да Биде Мода

/, Македонија/Отпадот Може Да Биде Мода

Отпадот Може Да Биде Мода

Вечер во Младинскиот културен центар – Скопје со почеток од 19.30 часот ќе се одржи „Треш фешн”, модна ревија со креации изработени од рециклирани материјали.

Целта на овој настан е подигнување на општествената свест за значењето и за зачувувањето на природата со намалување на отпадот преку неговата повторна употреба.

Креациите оваа година ги изработиле ученици од 37 средни училишта во Маке-донија, а на настанот ќе се доделат прва, втора и трета награда од жирито.

Сцената ќе биде во форма на еколошки двор, а освен модната ревија, танцовата школа „Брејк а лег” ќе има настап од неколку минути.

[custom_frame_center]Ошиадот може да биде мода[/custom_frame_center]

Извор: Фокус Дневен

Датум на објава: 05.06.2012

By | 2012-06-05T11:18:26+00:00 05/06/2012|Култура, Македонија|