Авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати ќе лета двапати неделно директно до Дубаи
[custom_frame_left]
[/custom_frame_left] Скопје, Македонија, 6 јуни 2012 – Скопје е избрано да биде најновата дестинација на flydubai (“Флајдубаи”), само неколку дена по прославата на тригодишнината од основањето. Со ова, мрежата на иновативната авиокомпанија во централна и во источна Европа се прошири на 15 дестинации во 10 земји, што е најопсежно меѓу превозниците на Блискиот Исток.
Услугата од Скопје ќе биде достапна двапати неделно и ќе почне на 18 октомври (четврток) 2012 година со цени почнувајќи од 490 евра.
Главниот извршен директор на flydubai, Гаит Ал Гаит, вели: Со задоволство денеска ја објавуваам оваа нова линија. Таа уште подлабоко ја илустрира посветеноста на flydubai при приширувањето на врските од Блискиот Исток до нови дестинации со кои што историски не постоеја доволен број директни авиоконекции до Обединетите Арапски Емирати. Покрај тоа, Македонија низ светот има значителна иселеничка популација која што сега ќе може почесто да ги посетува своите пријатели и семејства благодарение на врските преку нашиот транспортен центар во Дубаи – истакнува првиот човек на flydubai.
Почетокот на летовите на flydubai ќе обезбеди погодна можност за врска на патниците кои што патуваат до Дубаи, но и понатаму, до Далечниот Исток, Австралија или која било од разновидните дестинации што овој авиопревозник ги поврзува во мрежа од 45 градови низ арапските земји во Персискиот залив, Блискиот Исток, Африка, индискиот потконтинент и Азија.
Детали за летот
Летовите за Дубаи ќе оперираат двапати неделно, во понеделник и во четврток од 18 октомври 2012 година. Летот со ознака FZ792 ќе полетува од аеродромот “Александар Велики” во 13.25, а ќе пристигнува во Дубаи во 20.35 по локално време. Повратниот лет, со ознака, FZ791, е закажан да го напушти вториот терминал на меѓународниот аеродром во Дубаи во 9.15 часот, а да слета во Скопје во 12.40 часот по локално време.
Цените на повратните летови од Дубаи до Скопје почнуваат од 490 евра.
flydubai работи според едноставен модел што на купувачите им овозможува да плаќаат за услуги што сакаат да ги добијат. Цените на билетите ги вклучуваат сите такси плус едно парче рачен багаж до седум килограми и еден мал лаптоп или торба, како и пријавен багаж до 20 килограми. За седиште со дополнителен простор за нозете се доплаќа 21 евро. Во леталото, патниците можат да изберат од долгата листа понуди, што вклучува пакети за забава во текот на летот, разновидно мени со освежувачки пијалоци и производи што не подлежат на царина.
Билети за летовите меѓу Скопје и Дубаи можат да се купат од официјалната интернет-страница на компанијата (www.flydubai.com), преку травел-партнерите или од телефонскиот центар (+3892 321 1133) што ќе почне со работа на 15 јуни 2012 година. Детали за изнајмувањето автомобили преку авиопревозникот, исто така, се достапни на интернет-страницата.
Датум на објава: 06.06.2012