Преку обука и семинари, јавната администрација се подготвува за поголема искористеност на европските ИПА фондови. Во периодот од февруари до јуни годинава административците работеа со француски експерти од оваа област на зголемување на видливоста на ИПА фондовите и на зголемување на капацитетите на македонските институции за поголемо искористување на фондовите, која според експертите не е доволна. Проектот од кој е завршена првата фаза е во вредност од 50.000 евра, а епилог од оваа фаза е изработката на Акционен план за 2012/2013, изработка на Стратегија за ИПА фондовите и изработка на Водич за ИПА фондовите.
Вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи, која присуствуваше на презентација на резултатите не се согласува со констатициите дека овие фондови не се доволно искористени, а овој проект го отценува како уште една можност за зголемување на капацитетите на институциите на централно и локално за поголемо искористување на ИПА фондовите.
„Не се согласувам со констатациите дека во Македонија не се доволно искористени ИПА фондовите. Ние во споредба со регионот сме прилично солидни во нивното искористување„, вели Арифи.
Експертите од оваа област пак сметаат дека во земјава се повеќе се намалува искористеноста на ИПА фондовите или европски пари наменети за транзициска помош и институционална надградба, прекугранична соработка, рурален развој, регионален и развој на човечки ресурси. Програмирањето е завршено, но парите не се трошат, посочуваат тие. Според нив проблемот на нестратешко планирање на потребите, односно нестратешко планирање на нашиот развој како држава ќе не доведе во ситуација да дел од парите во 2012-та, особено во 2013-та нема да може да ги потрошиме и нема да може брзо да ги поделиме за одредени проекти, па Македонија може да изгуби дел од тие средства.
Упатените на неколку наврати посочија дека е потребно долгорочно планирање на трошењето на европската помош, и дека со европските пари не може да се прават планови од денеска за утре.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.kapital.mk
Датум на објава: 07.06.2012