Пролонгиран Рокот за Поднесување на Барања за Субвенции во Земјоделството

//Пролонгиран Рокот за Поднесување на Барања за Субвенции во Земјоделството

Пролонгиран Рокот за Поднесување на Барања за Субвенции во Земјоделството

Рокот за поднесување на барања за субвенции во земјоделството наместо до 20 јуни 2012 година е пролонгиран до 31 јули наредниот месец. Земјоделците побараа продолжување на рокот поради воведување на нов систем на администрирање на директните плаќања во Македонија. Оваа година само за директни исплати на земјоделците владата издвои речиси 7 милиарди денари.

Земјоделците ќе можат да поднесуваат барање за субвенционирање на житните култури, постојните и новите лозови и овошни насади и за градинарското производство.

Овој рок важи и за индустриските и фуражните култури за користење на сертифициран семенски материјал и за градинарското производство под контролирани услови. Во тек е и палицирањето за сточарското производство за одгледувањето на говеда, овци, кози и свињи и за набавка на приплоден добиток со висок генетски потенцијал.

Барањата се поденсуваат во подрачните единици на министерството за земјоделство каде што е евидентирано земјоделското стопанство без разлика каде се наоѓаат фармите или парцелите. Годинава постапката е олеснета со електронското обработување на податоците, а голем дел од неопходните елементи се обезбедуваат по службена должност.

Министерството за земјоделство го следи аплицирањето и доколку е потрбно ќе го продолжи крајниот рок за поднесување на барањата. За пријавување на произведеното и предаденото кравјо, овчо и козјо млеко за периодот од 1 Јануари до 30 Април 2012 година рокот е 15 овој месец.

Превземено: Македонско Радио

Датум на објавата: 13.06.2012

Термин: 15.30 часот

Автор: Методија Трајков

By | 2012-06-14T04:47:02+00:00 14/06/2012|Земјоделство|