Се враќа практичната работа која беше актуелна во социјализмот. Со новиот закон учениците нема само формално да одат на пракса во фирма туку ќе мора да стекнат знаење кое подоцна ќе биде проверувано и оценувано. За дел од практикантите особено за студентите чија практична работа се спроведува со законот за волонтерство оваа обврска може да биде и корисна ако ги убедат работодавачите дека имаат квалитети потребни за компаниите.
Практичната работа да биде почеток на можноста за вработување на учениците и студентите, а не само формалност за да се добие потребниот потпис за на училиште. Ќе се менува Законот за практична работа, со кој се регулираат правата и обврските на практикантите, но и на фирмите кои ќе ги ангажираат.
– Целта на практиканството е и работодавачите да се запознаат со младите лица кои би работеле во тие компании со цел евентуално во иднина да ги задржат. Во исто време и младите лица да се стекнат со одредено искуство, вели Панче Кралев министер за образование и наука.
– Нормално е да се очекува компаниите кои ќе ангажираат нови вработени лица, посебно млади лица да тие бидат подготвени односно да поминале низ еден процес на практична настава, а со тоа бенефит ќе имаат и самите компании, вели Спиро Ристевски министер за труд и социјална политика.
Бизнис заедницата помага во подготовките на Законот. Секојдневно се соочувале со кадар, кој завршил со школувањето, но не знае да работи. Велат дека фирмите мораат да ги дообразуваат пред да ги пуштат да работат. Но бараат да се стимулираат и малите и средни претпријатија кои ќе ги натераат практикантите добро да размислат во која фирма ќе одат на пракса.
– Самите студенти или ученици да се борат за тоа Законот кој ќе се воведе за практична работа да не биде само формален, туку да биде една трка, еден конкурентен модел за кој каде ќе оди на пракса, или кој каде ќе се запознае или стекне со додатно знаење за да може да биде примен на работа, вели Златко Калеников претседател на Сојуз на стопански комори.
Почетокот на подготовка на стручен кадар е уште во училиштата. Иако е задолжителна, праксата во многу училишта значи само губење време, а не стекнување со потребното работно искуство.
httpv://www.youtube.com/watch?v=8iGbVbpeOCc
Превземено: Канал5
Датум на објавата: 13.06.2012
Термин: 18.15 часот
Автор: Емилија Јовановска