Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс го подобрува и унапредува изгледот на своите дневни лебови. Веќе од оваа недела дел од лебовите се достапни во новите редизајнирани пакувања.
Редизајнот на традиционалните и специјалните лебови, беше потребен со цел уште подобра видливост на полица и со тоа лесна достапност на информаците до потрошувачите како типот на лебот, карактеристиките на секој леб и слично.
„Како водечки производител на леб во земјата, Жито Лукс секогаш се труди своите производи да ги подобри од секој можен аспект. Со континуираното зголемување на понудата решивме да развиеме подобрен изглед на дневните лебови со цел истите да бидат повидливи, издвоени и со подостапни информации за нашите потрошувачи“, изјави Лидија Трајковска, одговорна за маркетинг одделот во Жито Лукс АД Скопје.
Покрај редизајнот на дневните лебови, Жито Лукс го унапреди својот изглед и преку редизајн на логото. Новиот дизајн на логото Жито Лукс е одраз на новиот модерен дух на компанијата, која ја продолжува добро познатата 65 годишна традиција, базирајќи се на автентичност и уникатност
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.ereporter.com.mk
Датум на објава: 19.06.2012