Мајкрософт ja Претстави Мобилната Платформа Виндоус Фон 8

/, Телекомуникации/Мајкрософт ja Претстави Мобилната Платформа Виндоус Фон 8

Мајкрософт ja Претстави Мобилната Платформа Виндоус Фон 8

Компанијата Microsoft во средата ја претстави новата верзија на оперативниот систем Windows Phone 8, наменет за паметни телефони.

Презентацијата на Microsoft беше посветена на архитектурата на новиот оперативен систем, подршката на хардверот, платформата за развој и поддршката на корпоративните корисници, но речиси е непроменета за корисниците. Повеќето претставници на компанијата на презентацијата во Сан Франциско изразија надеж дека новиот оперативен систем ќе биде попривлечен за производителите на уреди, за програмерите и бизнис клиентите.

Критичарите на оперативниот систем велат дека во одреден момент смартфоните базирани на Windows Phone е инфериорен во однос на карактеристиките на IOS и Android апаратите.

Повеќето модели базирани на паметните телефони, веќе се лансирани на пазарите со управување на оперативниот систем Android, што секако создава чувство кај корисниците на второкласност. Windows Phone 8 ќе му овозможи на Microsoft да добие поразнообразно портфолио од смартфони, сметаат претставници на компанијата. Новиот оперативен систем, имено, добил поддршка за двојадрените процесори, екран со висока резолуција (до 720p) и SD-картица. Досега, со WP7-смартфон беа опремени само еднојадрените смартфони со екрани со резолуција од 800х480 пиксели.

Новите хардверски карактеристики на WP8 за смартфони треба да им помогне на програмерите при создавање понапредни игри и апликации, велат од Microsoft. Новата платформа ќе се заснова на Windows 8, оперативниот систем Microsoft за десктоп компјутери и интернет таблети.

Поврзаноста на двете платформи ќе им овозможи на програмерите да креираат универзална примена за смартфоните и таблетите. Исто така, во Microsoft велат дека новите паметни телефони со висока резолуција на екранот гарантирано ќе работата на апликациите наменети за Windows Phone 7.

Програмерите, исто така, ја претставија и можноста, којашто го разликува Windows Phone 8 од другите оперативни системи, односно вградувањето во ткн „електронска чанта”, којашто ќе овозможува плаќање за стоки и услуги преку платежните терминали во продавници, како и вршење плаќања на трети лица преку апликации.

Физичките плаќањата ќе се вршат со помош на технологијата NFC, чија поддршка исто така првпат се појавува во WP8. Компанијата наведува дека нивното решение е попривлечно за пзарите отколку аналогниот Google Wallet, кој се користи кај смартфоните базирани на Android. Фактот дека во WP8 има сигурносен чип неопходен за авторизација на плаќањата, поврзан со СИМ-картичка а не на уред, како што сметаат во Microsoft, ги одразува интересите на мобилните оператори, кои се клучен елемент во NFC-трансакциите.

Претставниците на Microsoft, исто така, ги претставија иновациите за корпоративните корисници. Сега ИТ-администраторите во компаниите можат самостојно да ги дистрибуираат нивните сопствени апликации на уредите на соработниците. Во минатото, тие мораа да ја исползуваат официјалната продавница за аплиакции Marketplace, и да ја спроведат официјалната процедура за модерација.

На презентацијата беа претставени и некои новитети за корисниците. Во Windows Phone 8 има прелистувач (браузер) базиран на Internet Explorer 10 со подобрени перформанси, подобрена поддршка за веб-стандардите и функцијата за заштита од интернет измама (фишинг) SmartScreen. Исто така, новиот оперативен систем ќе се интегрира со навигацијата Nokia Maps, која ќе има пристап до мапи без поврзување со мрежата (за предтходно избраниот регион). На крајот претставнциите на Microsoft ги демонстрираа промените во стартирањето на екранот на оперативниот систем, односно сега додатоците на десктопот може да се променуваат во големината, што исто така влијае на нивната функционалност.

Од Microsoft најавија дека првиот смартфон со Windows Phone 8 ќе се појави есента 2012 година, истовремено со излегувањето на Windows 8. Познато е дека постоечките паметни телефони не ќе добијат надградба со WP8, дури ниту водечките смартфони кои се појавија пред околу половина година, како на пример на Nokia Lumia 900. Некои од функциите на новиот оперативен систем ќе бидат пренесени на постарите смартфони со преодна надградба за Windows Phone 7,8. Оваа ситуација доведе до тоа некои мобилни оператори и продавачи на мало да се откажат од продажбата на који и да е уред на WP7-смартфони. Во Германија од продажбата на Nokia 900 Lumia се откажа најголемиот мобилен оператор T-Mobile.

Во првиот квартал на 2012 година учеството на Microsoft на мобилниот пазар според продажбата изнесуваше 1,9 отсто, според податоците на аналитичката компанија Gartner. Овие податоци ја одразуваат вкупната продажба на смартфоните и базирани на Windows Phone 7, и на база на Windows Mobile. Во првиот квартал од 2011 година, уделот на компанијата изнесуваше 2,6 проценти, бележејќи вкупен пад од 26 отсто. Како што забележуваат аналитичарите, тоа не го одразува падот на учеството на WP7, туку го покажува фактот дека Microsoft ги губи корисниците на Windows Mobile во полза на корисниците на iOS и Android, а новиот оперативен систем не покажува значителен пораст.

На крајот од 2012 година, според процените на аналитичката компанија IDC, учеството на компанијата Microsoft во пазарот на мобилната телефонија ќе изнесува 5,2 отсто.

[custom_frame_center]Мајкрософт ja Претстави Мобилната Платформа Виндоус Фон 8[/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 21.06.2012