Тиквеш со Пет Нови Медали за Своите Вина

//Тиквеш со Пет Нови Медали за Своите Вина

Тиквеш со Пет Нови Медали за Своите Вина

Пет вина на винарската визба „Тиквеш” се закитија со медали на првиот интернационален балкански натпревар на вина што од 14 до 17 јуни се одржа во Софија, Бугарија. На овој натпревар со највисоко одликување, златен медал, се закити црвеното вино „барово” од бербата 2010. Дополнително со сребрен медал беше наградено белото вино „бела вода” од бербата 2011, а уште три вина  „alexandrija cuvee” (бело), „ alexandrija cuvee ” (розе) и „барово” (бело), сите од бербата 2011, се закитија со бронзен медал.

Balkan internacional Wine Competition е прв натпревар од ваков вид на Балканот. Овој годишен натпревар, кој е посветен исклучиво на регионалните вина, има цел да го привлече вниманието на глобалната винска заедница промовирајќи ги уникатните вкусови што може да ги понуди балканскиот регион. Во улога на оценувачи, натпреварот обедини вински експерти од повеќе земји во светот, меѓу кои и од САД, Велика Британија, Русија, Индија, Шведска, Германија, Белгија и Холандија. Беа оценувани речиси 400 вина од производиели на вино од сите балкански земји.

Во последната деценија Балканот направи огромен напредок во квалитетот на своите вина и може со право да се вброи меѓу клучните играчи на светскиот вински пазар. Со речиси 1,8 милион тони годишно производство на вино, Балканот е рангиран на петото место во светот, веднаш по најголемите земји-производители на вино  Италија, Франција, Шпанија и САД.

[custom_frame_center]Тиквеш со Пет Нови Медали за Своите Вина[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 22.06.2012

By | 2012-06-22T08:31:54+00:00 22/06/2012|Земјоделство|