12 студенти од земјава меѓу кои и тројца Албанци своето образование ќе го продолжат на дел од 100-те најклвалитетни универзитети во светот. Сите трошоци ќе им ги плати владата. Стипедниите денеска им ги подели премиерот Груевски.
На 100-те најдобри светски универзитети рангирани според Шангајскаат листа ќе можат да студираат и 12 студенти од Македонија. Меѓу нив се и тројца Албанци кои добиле стипдендија од Министерството за образование на претходно објавениот конкурс. Стипендијата ги покрива трошоците за образование, студирање, трошоци а живеење, како и авионски карти за 2 пати во годината да се вратат во родното место.
Зера Хасани е една од добитничките на стипендијата која ќе продолжи да студира компјутерски науки:
-Тоа е еден од најдобрите универзитети во Швајцарија и е на Шангајскаат листа каде се рангирани 100-те најдобри универзитети. Верувам дека конкуренцијата беше силна, но имав сила да бидам примена. Како што се предвидува и во договорот за стипендирање, по завршувањето на студиите треба да се вратиме и знаењето што таму ќе го стекнеме треба да го инвестираме во нашата држава.
И другите се задоволни од можноста да студираат надвор од Македонија:
-Добив стипендија за Единбуирг факултетот во В.Британија. оваа стипендија е одлична можност, а финансирање, заначи да си го продолжам моето образование.
-Не би рекла дека е поквалитетно меѓутоа има поголем избор на програми и е одлична можност за академски да си го проширам знаењето на полето кое што сакам да го работам професионално во иднина.
Во владата решенијата за стипендирање ги додели премиерот Никола Груевски кој им соопшти на студентите дека ако успеат да се вработат во една од 500-те најпознати комопании на листата на Форбс, имаат право да останат 3 години надвор од државата без да се вратат за да работат тука како што се предвидува во договорите.
Трошоците за 12-те студенти што треба да ги плати владата изнесуваат околу 400 илјади евра.
httpv://www.youtube.com/watch?v=BEqgk_d4kCM
Превземено: Алсат М
Датум на објавата: 29.06.2012
Термин: 23.00 часот
Автор: Мелехате Рустеми