Во Охрид конечно се отвори центарот за безбедност на вода. 70% од плажите ќе бидат покриени со спасувачи и медицински екипи. Проблем остануваат плажите кои не ангажирале спасувачи како и немањето на брод за гаснење на пожари.
По 8 годишна битка со институциите охридскиот црвен крст во функција го стави центарот за безбедност на вода кој е лоциран на плажата на Горица на приватен имот вратен со денационализација. Од тука ќе бидат координирани спаувачките и лекарските тимови кои летово ќе патролираат на охридските плажи, но тие нема да бидат прусутни на голем дел од нив затоа што и покрај законската обврска 30% од концесионерите на плажите сеуште немаат ангажирано спасители на вода.
Дел од плажите забушанти сеуште забушаваат и се надевам дека надлежните институции ќе преземат мерки и ќе ги ангажираат сите свои ресурси за да го спроведат законот на сите плажи и онаму каде што има концесионер, но и онаму каде што нема, а има капачи, изјави Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.
Во рамки на подготовките за претстојниот туристички шпиц, спасувачките тимови на Црвениот крст, екипите за прва помош, професионалната противпожарна единица, СВР Охрид, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, викендов одржаа голема заедничка вежба на Охридското Езеро, на која демонстрираа подготвеност за интервенција во случај на несреќи.
Со оглед на ресурсите со кои што располагаме институциите задолжени за безбедност имаат капацитет да се справат со несреќи од помал обем. Сепак за делување во случаи на поголеми несреќи потребна е поголема комуникција меѓу институциите како и подобрување на нивната опременост, вели Точков.
И натаму голем проблем за спасувачките служби претставува немањето на специјален пловен објект за гасење пожари на вода, кој според стручните лица е неопходен, бидејќи во дел од населбите во Охрид и на крајбрежјето единствено може да се пристапи по воден пат, а последните години зголемен е и бројот на пожари на пловни објекти..
Неопходно е едно превозно средство, глисер не мора да е некаков брод, како би можеле навремено да интервенираме при пожар по воден пат, истакна Ацо Тасески од ТППЕ Охрид.
Спасувачките тимови минатата година на охридските плажи успешно спасија 12 давеници и имаа преку 200 други интервенции. Од ова лето мобилните тимови на Црвениот крст ќе бидат дополнително опремени со дефибрилатори, со цел зголемување на безбедноста на посетителите а плажите.
httpv://www.youtube.com/watch?v=XjP7Gt5tOBE
Превземено: Телма
Датум на објавата: 01.07.2012
Термин: 18.30 часот
Автор: Горан Момировски