Швајцарци Бараат Повисоки Плати за Македонските Текстилци

/, Македонија/Швајцарци Бараат Повисоки Плати за Македонските Текстилци

Швајцарци Бараат Повисоки Плати за Македонските Текстилци

Швајцарска невладина организација со видео спот ги информира швајцарците за ниските плати и лошите услови во кои работат македонските текстилци. Кампањата следи по истражувањето кое покажало дека голем број на швајцарските униформи во јавниот сектор се направени токму во Македонија. Невладината бара претпријатијата кои ги нарачуваат униформите од Македонија на работниците да им исплаќаат достојни плати. Од текстилната индустрија велат дека спотот не ја осликува реално состојбата во секторот.

Болничари, железнички контролори и сообраќајци наместо облечени во униформа работат полуголи.

Со мотото подобро полугол отколку во униформи направени во нехумани услови,  швајцарската невладина организација декларацијата од Берн бара поголеми плати за македонските текстилци.

Идејата за видео спотот дошла откако организацијата направила истражување за македонските услови за работа и констатирале дека во фабриките се шие за многу малку пари. Сметаат дека не треба да се бојкотираат компаниите и не е целта работниците да останат без работа, туку да се покрене јавното мислење за лошите услови, бидејќи месечните примања на македонските текстилци се 122 швајцарски франци или околу 6 000 денари.  Униформа во оваа земја носи речиси половина од активното население, а дел од неа е направена во Македонија.

Швајцарската органзиација, истражувањето го направила во мали фабрики кои едвај издржуваат да работат, а тие не ја отсликуваат реалната состојба за текстилниот сектор, образложуваат од организацијата на работодавачи. Во моментов просечна плата на текстилните работници е околу 8 000 денари велат од таму.

Тоа се мали компании семејни бизниси кои работат 3 до 4 месеца во годината и нормално со таква работа не може да ги остварат сите овие работи затоа што не е прашање на желба на работодавачите него прашење на можностите кај нас, рече Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи.

Според Димитров во следните три години, согласно законот за минимална плата се очекува месечните примања на текстилците да надминат 9 000 денари.

httpv://www.youtube.com/watch?v=v1RYOh4JE9s

Превземено: Сител

Датум на објавата: 06.07.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Марина Доковска

By | 2012-07-07T19:48:30+00:00 07/07/2012|Економија, Македонија|