Зголемување на Надлежностите на Нотарите

//Зголемување на Надлежностите на Нотарите

Зголемување на Надлежностите на Нотарите

Зголемување на надлежностите на нотарите за полесно решавање на споровите што е во интерес на граѓаните.

Преку развој на нотаријатот до полесно решавање на споровите на граѓаните особено оние кои што можат да се процесуираат вон судски, а со тоа до поефикасно остварување на нивните права. Зголемување на надлежностите на Нотарите поради соодветен одговор на потребите на граѓаните. Ова се целите што може да се постигнат со унапредувањето на нотарската служба, уверува ресорниот министер Беџети.

Со донесување на законот на вонпарнична постапка се внесува многу значајна новина нотарите да постапуваат како повереници на судот во однос на оставинските предмети кои не се спорни, изјави Блерим Беџети министер за правда на Р.Македонија.

Во рамките на почнатиот процес за судските реформи потребата за растоварување на содовите од неспорните предмети посочува Беѕхети е и законот за изменување и дополнување на законот за извршување кој почна да се применува од први Јули 2010та година, според кои пак предлозите за извршување поднесени пред 26ти мај 2006та судот ќе ги предаде на постапување кај нотар што ќе постапува како повереник на судот.

Со овој закон се пропишува дека предлозите за извршување поднесени пред 26ти мај 2006та година кои не се правосилни и предлозите за извршување поднесени за веродостојни исправи за кои не е донесено правосилно решение за извршување судот ќе ги предаде на постапување на нотар кој ќе постапува како повереник на судот додаде Беџети.

Министерството за правда во досегашниот период распиша 28 конкурси. Моментално нотарската служба ја вршат 177 нотари, согласно со правилникот за бројот и распоредот на службените седишта на нотарите во државата утврден е вкупниот број кој изнесува 219 така што остануваат непополнети 42 нотарски места.

httpv://www.youtube.com/watch?v=bpfUY8eM_O8

Превземено: МТВ 1

Датум на објавата: 08.07.2012

Термин: 17.00 часот

Автор: Фиљана Кока

By | 2012-07-09T07:30:49+00:00 09/07/2012|Македонија|