Алкалоид АД – Скопје Награден за Општествена Одговорност

//Алкалоид АД – Скопје Награден за Општествена Одговорност

Алкалоид АД – Скопје Награден за Општествена Одговорност

Македонскиот бренд Алкалоид АД – Скопје освои прва награда во две одделни категории „Однос кон вработени“ и „Однос кон животна средина“, награди кои ги доделува Центарот за институционален развој – ЦИРа, кои оваа година, по јубилеен петти пат додели награди за филантропија и за општествена одговорност за 2011 година.

Наградата во категоријата „Однос кон вработени“ го опфати аспектот за развој на вработените, односно стимулирање вештини и обука на кадарот, со што преку зголемување и подобрување на способностите и на капацитетите на вработените се зголемува подготвеноста за напредок во кариерата, а воедно се подобрува целокупното дејствување на компанијата и се спроведува стратегијата за нејзин континуиран раст и развој.

Од друга страна пак, наградата во категоријата „Однос кон животната средина“ ги опфати аспектите како зголемување на позитивните влијанија на бизнис-дејствувањето, заштедата и ефикасната употреба на природните ресурси и заштитата на биодиверзитетот. Во оваа категорија, Алкалоид АД – Скопје аплицираше со проектот „Сертификат FairWild – управување со природните ресурси и одржливо користење на лековити и ароматични растенија“ .

Двата проекти се активности кои компанијата ги спроведува во текот на целата година, како дел од политиката за општествена одговорност која е една од основните вредности на компанијата.

[custom_frame_center]Алкалоид АД – Скопје Награден за Општествена Одговорност[/custom_frame_center]

Превземено: www.plusinfo.mk

Датум на објавата: 16.07.2012

 

By | 2012-07-17T07:44:58+00:00 17/07/2012|Македонија|