Полесен пристап на македонските компании до новите пазари на Европа и Централна Азија
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Скопје, 24.07.2012 г. Интернационалната Финансиска Корпорација (ИФЦ), како членка на групацијата Светска Банка и одобри кредитна линија на УНИБанка, како емисиона банка во програмата на ИФЦ преку која ќе се финансира трговското работење на увозните и извозните трговски друштва – клиенти на УНИБанка.
Со oваа кредитна линија, УНИБанка ќе го поддржува трговското работење на растечките пазари преку обезбедување на делумни и целосни гаранции за поединечни трговски трансакции што имаат кредитен рејтинг “ААА” од ИФЦ.
Со вклучувањето на УНИБанка во глобалната програма за финансирање на трговското равотење, банката ќе има полесен пристап до различни извори на финансирање на трговските трансакции на своите клиенти. Воедно, ќе може да ја зголеми својата мрежа на коресподенти и да стапува во банкарски односи на новите пазари во Европа и Централна Азија а со тоа им овозможи на македонските компании полесен пристап до истите.
Од започнувањето на оваа програма во 2005 г., Глобалната програма за финансирање на трговското работење има издадено преку 12.000 гаранции во вкупен износ од 19 милијарди УСД, на банки за трговски обврски на нивните клиенти-финансиски институции на растечките пазари. Во оваа фискална 2012 година, ИФЦ обезбеди 2,9 милијарди УСД за поддршка на трговското работење во најсиромашните земји во светот, а 79 проценти од сите гаранции отидоа кај мали и средни претпријатија. Програмата опфаќа повеќе од 250 партнерски банки во преку 90 земји со растечки пазари.
Македонија стана акционер и член на ИФЦ во 1993 г.