[custom_frame_left]
[/custom_frame_left] Заборавете го чекањето на автобуските постојки, бидејќи во иднина преку СМС порака ќе можете да дознаете кога точно ќе пристигне вашиот автобус.
„Планер на патување“ е новата услуга на ЈСП која веќе подолг период е во подготовка, а преку која корисниците на градскиот превоз ќе дознаваат за возниот ред на автобусите.
Пораката ќе ве информира за времето на пристигнување на следните три автобуси за постојката каде што чекате. Со ваквиот планер значително би се намалило чекањето и би се олеснило патувањето со јавниот градски превоз.
Патникот, преку Планерот на патување ќе може да избере 2 точки од мапата и да го избере временскиот интервал во кој сака да патува. Резултатот ќе ја покажува постојката на која тој треба да се качи, а на која треба да се симне.
Исто така Планерот ќе ја покажува вкупната должина на патување, како и потребното време за патување.
Превземено: www.kurir.mk
Датум на објавата: 30.07.2012
