Сите што се откажале од користењето парно ќе треба повторно да се приклучат на системот од „Топлификација” до 1 октомври годинава. Ова го предвидува новиот Правилник за снабдување со топлинска енергија што го изработи Регулаторната комисија за енергетика.
Исклучени и понатаму ќе можат да останат само сопствениците на станови што ќе обезбедат писмена согласност за тоа од сите други станари во зградата. Доколку некој успее, ќе плаќа фиксен трошок во висина од 10 денари за квадратен метар станбена површина, иако нема да се грее. Оваа обврска нема да важи за тие граѓани што живеат во згради што се целосно исклучени од системот за греење.
Од регулаторната велат дека новите правила ги вовеле за да ја гарантираат безбедноста на системот. Очекуваат приклучувањето на сите исклучени станови да придонесе за намалување на сметките на постојните корисници, кои сега плаќаат и за своите исклучени соседи. Од граѓанското движење „Клин”, пак, сметаат дека со новите правила што ги донесе Регулаторната комисија длабоко се повредува човековото право на избор.
Вие како Комисија на директен начин создавате економски монопол на една компанија и директно ги кршите човековите права и слободи, со тоа што им наметнувате на граѓаните како да се греат се вели во соопштението на „Клин”. Го повикуваат народниот правобранител да поведе законска процедура за запирање на спроведувањето на овој правилник.
Уставен суд ќе ги брани граѓаните од регулаторите
ЛДП ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на новиот правилник за „Топлификација” и ќе бара привремена мерка од Судот за суспенизија на означените правила до донесување на конечна одлука. ЛДП смета дека одредбите со кои се утврдува, да се плаќа и за непостојни услуги, односно да плаќаат и граѓаните што се исклучиле од системот на „Топлификација”, и ова да важи ретрокативно и за тие што се веќе исклучени од системот, се неуставни.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Фокус Дневен
Датум на објавата: 03.08.2012