Лисичани од Утре ќе се Релаксираат во Нов Модерен Парк

//Лисичани од Утре ќе се Релаксираат во Нов Модерен Парк

Лисичани од Утре ќе се Релаксираат во Нов Модерен Парк

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Новиот голем и модерен парк во населба Лисиче, покрај булеварот „Србија“, утре официјално ќе биде пуштен во употреба.

Од општината очекуваат, паркот лоциран пред бензинската пумпа Макпетрол да стане „магнет“ за масовна посета на граѓаните.

Новиот парк е комбинација на уредени зелени и водени површини со спортско-рекреативни терени и детски игралишта. Се простира на површина од околу 5 илјади квадратни метри, а содржи и песочник со трибини, детско игралиште со модерна урбана опрема, асфалтирано игралиште за кошарка, оградено со метална мрежа и со поставени реквизити.

Исто така, во паркот се изградени фонтани, водоскоци, како и езерце со мост. Покрај езерцето, паркот содржи и простор за одмор, чешма со гарнитури за седење.

Модерниот парк во населба Лисиче е целосно осветлен, има пешачки патеки поплочени со гранитни плочки, фонтана за пиење вода, клупи за седење, канти за отпадоци и друга урбана опрема, како и богато хортикултурно уредување во комбинација со ниско, средно и високо зеленило.

[custom_frame_center]Лисичани од Утре ќе се Релаксираат во Нов Модерен Парк[/custom_frame_center]

Превземено: www.kurir.mk

Датум на објавата: 15.08.2012

By | 2012-08-16T13:26:05+00:00 16/08/2012|Македонија|