Упростена е постапката за пријавување и одјавување на работници на определено време.
Се упростува постапката на договорот за работници на определено време. Вработените од сега нема да се одјавуваат, па поворно да се пријавуваат.
Прв пат поднесената пријава важи додека трае работниот однос, односно работодавачот не треба да поднесува пријава/одјава, при секое продолжување на договорот за работа, доколку нема прекин на осигурувањето.
Има случаи каде што работниот однос заснован со договор за вработување на определено време се продолжува повеќе пати без прекин. Во таквите случаи работниот однос на определено работно време може да се продолжи со случување на нов договор без да има прекин на постојниот доносно со анекс на престојниот договор, посочи министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Првиот човек на Агенцијата за вработување, вели дека ваквиот пробем од сега ќе биде минато, бидејќи досега постојано се правеле непотребни трошоци.
Ова многу се чувствува пред 1 во месецот значи на крајот на овој месец почетокот на другит месец во агенцијата и во фондот е огромна гужва каде што највеќе се овие предмети кои што се континуирано кај исти работодавец исто работно место само му прават непотребно М1, М2, рече Влатко Поповски директор на агенција за вработување.
Трудовите инспектори кога вршат контроли, еднинствено важно според Законот за работни односи, е лицето кое ќе го затекнат на работа, да има склучено договор за вработување или анекс на договорот ако се продолжува, и истиот да е пријавен во системот, односно да е регистриран со соодветна пријава.
Превземено: Сител
Датум на објавата: 09.09.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Борис Грујоски