[custom_frame_right]
[/custom_frame_right] Под покровителство на Град Скопје наскоро ќе се одржи шестото издание на фестивалот „Вино-Скоп“ 2012.
Од 10-ти до 14-ти октомври сите посетители ќе имаат можност да ја почувствуваат магијата на доброто вино, храна и добра забава во центарот на Скопје, на „Плоштад Македонија”.
„Вино-Скоп” и ова година ги обединува различните сорти на вино од големата селекција на винариите: Тиквеш, Бовин, Сковин, Стоби, Шато Камник, Визба Валандово, Дудин, Имако, Попов, Попова Кула, Филовски, Шато Сопот, Картал, Пивка, Изворно, Винарија Охрид, Вардарска Долина, Радевски, Пелистерка и Алтан Ракија. Покрај големото изобилството и избор на вино, посетителите на „Вино-Скоп” ќе можат да уживаат и во вкусните производите на Жи-Ва.
За загарантирана забава, позитивна енергија и добра музика, првата фестивалска вечер ќе биде одбележана со настапот на Игор Џамбаров со Харе Гуру Бенд.
– „Во виното е вистината”, дојдете и открите ја вашата, порачуваат организаторите.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.inpress.com.mk
Датум на објавата: 27.09.2012