Скопје ќе Добие Аква Парк Следната Летна Сезона

//Скопје ќе Добие Аква Парк Следната Летна Сезона

Скопје ќе Добие Аква Парк Следната Летна Сезона

Скопје ќе добие аква парк следната летна сезона.  Спортскиот центар Борис Трајковски склучил договор со две македонски и една турска компанија за изградбата која треба да финишира напролет. Од спортскиот центар велат дека аква паркот ќе биде меѓу најголемите на Балканот.

Конечно избрани компаниите кои ќе го изградат рекреативниот аква парк во Скопје. По 3 неуспешни тендери, спортскиот центар Борис Трајковски, склучи договор со две македонски и една турска компанија. Изградбата треба да почне кон средината на ноември и да заврши до крајот на февруари идната година. Наместо првично најавените 7 илјади квадратни метри,  паркот ќе се простира на површина од 12 илјади квадрати, поради што наместо три проектот ќе чини 4,3 милиони евра од централниот буџет.  Водената атракција, ќе се вбројува помеѓу најголемите на Балканот, што ќе придонесе за Македонија да стане уште попривлечна туристичка дестинација, вели директорот на спортскиот центар.

Ќе биде еден поактуелните во регионот бидејки на Балканскиот полуостров нема поголем аква парк од 12илјади метри квадратни направен после двеиљадита година, така што очекувам дека ќе успееме да ги привлечеме и граѓаните од соседните земји, така што не очекува интересна летна сезона, рече Ратко Капушевски дир. На С.Ц Борист Трајковски.

Во рамки на аква паркот, ќе има низа рекреативни содржини како базен со бранови, мрзлива река со водопад, 10 тобогани, детски базен како и угостителски објекти.  Идејното решение е изработено од македонска компанија, а посетителите ќе можат да го посетат во наредната летна сезона 2013та.

Превземено: Сител

Датум на објавата: 05.10.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Ана Петковска

By | 2012-10-08T08:09:02+00:00 08/10/2012|Македонија|