Мактел Лидер во Широкопојасната Технологија

/, Телекомуникации/Мактел Лидер во Широкопојасната Технологија

Мактел Лидер во Широкопојасната Технологија

Македонија и Хрватска ќе бидат првите земји во кои Дојче Телеком ќе обезбеди инфраструктура за широка покриеност темелена на пристапот на интернет. Ова го најави Клаудија Немат, членка на управата на Дојче Телеком (ДТ) одговорна за Европа и за стратешко управување со технологиите, во интервју за водечкиот деловен весник „Ханделсблат”.

Како што се менува Европа, така се менува и телекомуникациската индустрија. Мораме да се откажеме од моделот ДТ да биде еден вид конфедерација во која секој ќе работи независно еден од друг и да го прифатиме моделот на САД  вели Немат.

Таа наведе дека широкопојасната технологија ја тестираат во грчки лаборатории.

Во Полска првпат понудивме систем на мобилно следење. Во секоја земја сме фокусирани на еден проект и таа земја ја презема одговорноста за цела група. Тоа е голема промена во управувањето  изјави Немат. На забелешката дека таа промена ќе биде претешка за претседателите на управните одбори на ма промена во управувањето  компаниите на ДТ, Немат рече:

Би биле во право ако се се управува од Германија. Но, кога Хрватска е одговорна за еден проект, а Грција за друг, тоа доведува до нова динамика. Втора работа е прашање на довербата, затоа најдобри се мешаните тимови. Тука во седиштето, жена од Хрватска е одговорна за човечките ресурси, а Грк за деловните корисници  нагласи Немат.

Коментирајќи ги трендовите во телекомуникацискиот сектор, таа рече дека целата индустрија и во следната година ќе се соочи со голем притисок од регулаторните трошоци, па умерен раст очекува дури во 2014 година,

Во 2013 година околу 1,5 милијарди евра ќе се потрошат за надомест на регулаторите. Освен тоа, се очекуваат десетици натпревари за нови конкуренти во земји во кои е присутен Дојче Телеком  потенцира Немат.

[custom_frame_center]Мактел Лидер во Широкопојасната Технологија[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 26.10.2012