Охрид ќе добие марина. Ќе се доградува уште еден крак на пристаништето.
Охридското пристаниште ќе стане марина. Новиот капетан најави изградба на уште еден крак со што пристаништето ќе добие функција на марина која со години му недостига на Охрид.
Деновиве започна санација и инфраструктурното уредување со вода, струја и канализација.
Ќе придонесеме да оние делови кои не се оперативни на охридското пристаниште и пристаништето во Свети Наум кои не се оперативни да станат оперативни да пружат комоција на пловните објекти пред се на поголемите пловни единици, вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа.
Бродарите се сложуваат дека доградбата на пристаништето ќе ги задоволи потребите на водениот сообраќај.
Марините обично се користат преку целата година, кај нас нема потреба. Кај нас еден крак да се догради на едно 50 метри ги решава проблемите што ги решава една марина, тогаш овој дел внатре би останал слободен за во летниот период кога има потреба. Не треба џабе да фрламе пари, вели Зоран Гилески.
И кога сите се сложуваат дека не е потребна засебна марина градоначалникот најавува нејзина изградба со општински пари.
Ние тоа што ќе го правиме ќе го правиме со наши средства не е на одмет на Охридското Езеро треба да има и неколку марини не само една, вели Александар Петрески градоначалник на општина Охрид.
До нова година ќе заврши санацијата на двете пристаништа во Охрид и Свети Наум.
Превземено: Канал 5
Датум на објавата: 11.11.2012
Термин: 18.00 часот
Автор: Соња Рилковска