„Јане Сандански” ќе Стане Современ Спортски Центар

//„Јане Сандански” ќе Стане Современ Спортски Центар

„Јане Сандански” ќе Стане Современ Спортски Центар

На местото на домот на МЗТ Скопје, салата „Јане Сандански”, ќе се гради нов модерен спорстки центар со две спортски сали, хотел и други придружни објекти и содржини. Вчера во просториите на Општина Аеродром, градоначалникот Ивица Коневски заедно со вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, одржаа пресконсреренција, на која беше промовиран проектот за изградба на спортскиот центар „Јане Сандански„. Станува збор за изградба на комплетно нов спортски центар со капацитет за 5 илјади гледачи, на местото на сегашната истоимена сала. Во главната повеќенаменска сала ќе може да се вежба кошарка, ракомет, мал фудбал и одбојка, а според проектот ќе се изгради и помошна сала за тренинзи, како и фитнес сали.

Вицепремиерот Ставревски потенцираше дека домашниот спорт има потреба од современи спортски објекти од ваков тип, особено кога се играат интернационалните дерби натпревари.

Милсам дека ова е една добра иницијатива со оглед на тоа што се работи за една голема општина со над 90 илјади жители. Мислам дека во општината потребата се јави уште во 1996 година кога тука се играше голем натпревар меѓу МЗТ Скопје и Реал Мадрид. Во последните четири секунди со слободни фрлања на Перо Блажевски МЗТ победи 69:68. Беше еуфорична и убава атмосфера. Во салата имаше околу 2.000 луѓе, но уште толку имаше надвот. Така што уште од тогаш се наметна потребата Аеродром да има поубава и поголема спортска сала, рече Ставрески.

Понудувачот што ќе биде избран на јавниот повик ќе треба да го изгради спортскиот центар со сопствени сретства, кои според првичните проценки би изнесувале околу 10 милиони евра, за што ќе добие концесија за стопанисување со центарот во наредните 35 години. Доколку се склучи таков договор, постојната спортска сала ќе биде срушена, а новиот центар би требало да се изгради за 18 месеци. Инвеститорите ќе бидат ослободени од плаѓање комуналии за изградба на објектот.

Инаку, предвидената бруто површина за градење е околу 11 илјади мерти квадратни, а максималната височина ќе биде 34 метри. Салата, пак, ќе биде висока 21 метар. Спортскиот центар „Јане Сандански„ е предвидено да се гради според сите стандарди на ФИБА и ЕХФ со над 500 паркинг места.

Проектот опфаќа и изградба на хотел со ресторан за гостинските тимови, кој ќе биде поврзан со салата и други содржини како локали, продавници, сала за состаноци, вип зони, блок за медиуми, административен дел, амбуланта за спортисти и гледачи, сите неопходни простории за судии и за натпреварувачи, билетарница, гардероби и тоалети.

На крајот министерот Ставрески и градоначалникот Коневски ги повикаа фирмите да учествуваат на тендерот и да изразија надеж дека наскоро Спортскиот центар ќе стане реалност.

[custom_frame_center]„Јане Сандански" ќе Стане Современ Спортски Центар[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 193.11.2012

By | 2012-11-19T10:06:40+00:00 19/11/2012|Македонија|