Ново Кафе „Браво Мока“ со Чоколадна Нота

//Ново Кафе „Браво Мока“ со Чоколадна Нота

Ново Кафе „Браво Мока“ со Чоколадна Нота

Од неодамна на македонскиот пазар може да се најде ново кафе со чоколадна нота „Браво мока“, составено од мока, бразилска арабика, робуста и колумбиска арабика, во производство на „Рио кафе“.

– Мока Браво кафе е комбинација на вкус којашто ја бараат нашите потрошувачи. Истражувањата што долго време ги спроведуваме на пазарот за навиките на потрошувачите покажаа дека недостасува токму ваков тип кафе. Водени од тие анализи лансиравме производ што е карактеристичен по многу нешта, пред сè, по вкусот и комбинацијата на разните видови кафе – рече Кирил Андоновски, извршен директор на „Рио кафе“.

Бразилска арабика е премиум кафе, кое се одликува со нагласена арома и вкус, додека кај робуста кафето доминира кофеинската јачина. Мока кафето се карактеризира со помали и заоблени зрна кои ја носат чоколадната нота.

– За подготвување на новото кафе беше потребен период од речиси една година на изминати проби и тестирања за да се добие оригинален производ со чоколаден вкус и арома. Но, од сегашен аспект можам да кажам дека целиот труд и време посветени се оправдуваат со квалитетот и супериорниот вкус на конечниот производ. „Браво мока“ е кафе за секого – додаде Андоновски.

На денешната промоција на новото кафе, Андоновски демонстрираше како тоа се вари во нов апарат, кој вади кафе со кајмак и со талог, односно инстант турско кафе. Со овој апарат, кој засега го има само во рестораните, кафето е готово за помалку од една минута.

[custom_frame_center]Ново Кафе „Браво Мока“ со Чоколадна Нота[/custom_frame_center]

Превземено: www.plusinfo.mk

Датум на објавата: 22.11.2012

By | 2012-11-23T10:57:12+00:00 23/11/2012|Македонија|