Обуки за Комуникациски Вештини во Скопје во Организација на „Супербрендс Македонија“

//Обуки за Комуникациски Вештини во Скопје во Организација на „Супербрендс Македонија“

Обуки за Комуникациски Вештини во Скопје во Организација на „Супербрендс Македонија“

Основни комуникациски стратегии за поуспешни продажни резултати е темата на која Супербрендс Македонија организира еднодневни предавања кои ќе се одржат на 27, 28 и 29 ноември во Скопје.[custom_frame_right][/custom_frame_right]

Главен предавач на предавањата е познатиот хрватски професор,социјален педагог и лиценциран тренер за НЛП методата на комуникација, Саша Теноди.

„Супербрендс Македонија“ постојано работи на тоа да се зголеми свеста на јавноста за големата улога на брендовите. Ќе продолжиме и понатака да организираме обуки,семинари за маркетинг,важноста на брендовите и комуникацијата”, вели Зоран Саздовски претставникот на Супербрендс за Македонија.

Еднодневните обуки имаат за цел да им помогнат на учесниците на предавањето да ги развијат вештините во односот “еден на еден, да развијат поголема самодоверба во комуникацијата, како да стекнат подобри вештини за изразување на попрецизен и појасен начин, да се научат правилата за флексибилно и успешно комуницирање.

[custom_frame_center]Обуки за Комуникациски Вештини во Скопје во Организација на „Супербрендс Македонија“[/custom_frame_center]

Превземено: www.skopjeinfo.mk

Датум на објавата: 27.11.2012

By | 2012-11-28T09:14:41+00:00 28/11/2012|Македонија|