Популарната индиска ситаристка Анушка Шанкар ќе го отвори Фестивалот на 1 јуни во Универзалната сала.
Илјада и осумстотини денари чини комплетот билети за сите вечери за 12 издание на ” Офф-фест”, кој ќе трае од 1 до 6 јуни, во организација на Скопскиот џез фестивал.
Картата за концертот на популарната индиска ситаристка Анушка Шанкар и нејзиниот актуелен рага-фламенко проект “Травелер”, што ќе го отвори Фестивалот на 1 јуни во Универзалната сала, чини 800 денари, односно 1000 денари за место во некоја од ложите.
Билетот за насгапите на турското “Таксим трио”, како и проектот “Биоскопија” на Елена Христова и Горан Трајкоски (2 јуни, МОБ) чини 500 денари.
Влезницата за словенечката фупа “Брина” (4 јуни, кино ” Фросина)” ќе чини 200 денари. За концертите на колумбиски-те “Буена Виста Соушлклаб”
“Ондатропика” и на мароканско-сенегалската комбинација Азиз Самауи и неговиот бенд “Универзиту оф гнава” (5 јуни, МОБ), публиката ќе плати 500 денари.
Билетот за затворањето, на 6 јуни во МОБ, со атрактивниот аудиовизуелен перформанс на финскиот виртуоз на хармониката Кимо Похјонен и концертот на јужнокорејските инсгрументалисти “Тори ансамбл” чини 500 денари.
Картите се продаваат во “Југотон рекордс”, “Пола Југотон”, МОБ, Универзална сала и на www.karti.com.mk.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Вест
Датум на објава: 23.04.2013