Врвни директори од Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер на самит во Охрид

/, Информатичка технологија/Врвни директори од Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер на самит во Охрид

Врвни директори од Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер на самит во Охрид

На Глобалниот инвестицискиот самит „Македонија 2025“, кој годинава ќе се одржи од 8 до 10 октомври во Охрид, свое присуство потврдиле врвни директори од најпознатите светски корпорации како што се Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер, истакна денеска на прес-конференција петседателот на Бородот на директори на „Македонија 2025“, Мајк Зафировски.

Зафировски го потенцираше значењето на овој самит, надоврзувајќи се на ланскиот на кој присуствуваа 350 врвни домашни и странски бизнисмени, дипломатски и владини претставници. Тој порача дека и оваа година организаторот, „Македонија 2025“ очекува голем број бизнисмени од Македонија, дијаспората и други заинтересирани интернационални инвеститори. Регистрацијата е отворена и веќе постои голем интерес кај компаниите за учество.

– Имавме фантастични оценки од учесниците за панелите, говорниците, организацијата и можностите за бизнис средби. Минатата година на наше големо задоволство специјални гости говорници беа Сами Елхаџ – Нокиа Сименс, Др. Курт Гајгер – Рајфајзен Банк и Хубертус ван дер Ваарт – СЕАФ, а оваа година до овој момент имаме потврдено 15 говорници на тема иновации, истражување и развој и претприемништво. Имам чест да најавам некои од врвните директори на светски познати корпорации кои доаѓаат во Охрид како потврдени говорници: Сенди Ог – еден од главните партнери во Блекстоун, Крис Галвин – поранешен прв човек на Моторола, Златко Тодорчевски – главен финансиски директор во Брамблс, Ален Мидлтон – извршен директор на Шулих Школата за Бизнис (една од десетте најдобри бизнис школи во светот) и доктор Џон Кол од Бомбардиер – рече Зафировски.

[custom_frame_center]Врвни директори од Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер на самит во Охрид[/custom_frame_center]

Извор: www.plusinfo.mk

Датум на објава: 26.07.2013