Во центарот на Скопје отворени четири продавници за сувенири со мотиви од Македонија. Вакви објекти ќе се отворат низ повеќе градови во земјава, како и на три гранични премини.
Портата Македонија е една од сувенирите кои што од денеска ќе можат граѓаните да ги купат во четири различни сувенирници низ Скопје. Инаку цената на овој сувенир е 490 денари. Најефтини се приврзоците кои шto чинат 60 денари, а најскапи се рачно изработените копии на афтефакти кои што чинат дури 100 евра. Инаку што мислат граѓаните за ново отворените сувенирници за цените на овие произовди ќе слушнеме од изјавите кои што следат.
Анкета на граѓани:
Ми се допаѓаат и беше голема потреба.
А што мислите за цените дали се скапи?
Јас мислам дека цените се приступачни и дека се нормални.
Купувам од странство сега и од овде, ова ни беше потребно промоција на културата, цените се приступачни.
Ќе имаат сувенири убави и од Македонија, што да си однесат дома како сеќавање, најубаво сеќавање од Македонија.
А што мислите за цените дали се скапи?
Па не, мислам дека се поволни, дури поповолни од другите, нашиве комшии што ги имаме моментално и од Грција, Бугарија другиве држави.
Покрај ова граѓаните во овие сувенирници ќе може да купат и статуетки, карти како и сложувалки со слики на најпознатите локалитети во Македонија. Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска која што свечено ги отвори овие сувенирници најави продолжување на овој проект. Предлагам да ја слушнеме изјавата на министерката.
Ми претставува огромно задоволство што денеска се отвараат првите ќе кажам туристички унифицирани културни пунктови кои што ќе бидат во функција на граѓаните на Р.Македонија во функција на културата и во функција на туристичката промоција на нашата држава. Овие се први ќе се поставуваат и објекти во неколку градови како што е Охрид, Битола, Берово, Струга значи листата е подолга и на граничните премини значи Девебаир, Богородица и Табановци, изјава од министерката за култура Елизабета Канческа Милеска.
Инаку само за крај да кажам дека овие четири сувенирници се наоѓаат, првата е во близина на спомен куќата на Мајка Тереза, втората е оваа која што е зад мене на плоштадот Mакедонија, третата во Чаршијата и четвртата е кај хотелот Холидеј Ин.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ptUBIMsgzns&feature=colike
Превземено: Сител
Датум на објавата: 07.03.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Елена Бошковска