За реализација на овој проект надлежните од Градот Скопје информираат дека потрошиле 16,5 милиони денари.
Левата страна на кејот на реката Вардар продолжува да се гради и разубавува. Скопјани добија уште едно место за спорт и рекреација во главниот град. Официјалната промоција на новата ролерсковелосипедска патека од булеварот „Гоце Делчев” до булеварот „8 Септември” вчера ја одржа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и премиерот Никола Груевски.
Денеска Градот и официјално ја пушта во употреба новата ролерсковелосипедската патека од левата страна на реката Вардар и тоа од мостот „Гоце Делчев”, па се до булеварот „8 Септември” кај хотелот „Александар Палас”.
Патеката е во должина од 3 километри, а широка е 4,4 метри. По целата должина на патеката покрај хортикултурното уредување градот постави улично осветлување и урбана опрема, изјави Трајановски. Тој напомена дека целата инвестиција на проектот е финансирана од Градот Скопје. Крајната цел на овој проект е левата страна на кејот да го добие ликот на веќепостоечката десна.
Со ова граѓаните подеднакво би ги користеле двете страни за спорт и рекреација, со што автоматски би се растоварил кејот од велосипеди и пешаци, појасни Трајановски. За изградбата на новата патека работеа екипите на градежната компанија „Жикол” д.о.о.е.л. Струмица. За бележење на хоризонталната сигнализација беа задолжени работниците на ЈП „Улици и патишта”, а за околното зеленило се погрижиле работниците на ЈП „Паркови и зеленило”.
За реализација на овој проект надлежните од Градот Скопје информираат дека потрошиле 16,5 милиони денари.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Вечер
Датум на објавата: 14.03.2012
Автор: Г.З