Во Велес донирале од Жито Лукс. Детски кревети, постелнина, клима уред, телевизор. Ова е дел од донацијата на Жито Лукс за велешката болница. Компанијата опреми детска соба на хирушкото одделение.
Парите се обезебеди од продажбата на леб во велес. Во претходните три месеци, од секоја продадена векна се одвојуваа по два денари.
Се обидовме да ги подобриме условите како би можеле децата да се осеќаат природно, пријатно, опуштено, побезгрижно во тие постоперативни периоди, рече Сашка Неделкова, Жито Лукс.
Раководството на велешката болница го поздрави хуманиот гест на компанијата. Директорот Ванчо Граматов, вели дека донацијата ќе помогне во згрижување на децата кои се оперираат.
Имаме доста голем број на дечиња кои во текот на годината тука се лекуваат И со ова ќе добиеме навистина кога веќе мора да престојуваат тука едни прекрасни услови за што побрза конзистенција, рехабилитација, рече Ванчо Граматов.
Акцијата за опремување на детската соба на хирушкото одделние се спроведувше во соработка со здружението на родители за грижа за здраво поколение.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ulaCzdxPSRE
Превземено: Сител
Датум на објавата: 15.03.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Зоран Јаневски