И ние, како и остатокот од светот, сме загоижени за количината на лични инфомации која се пласиоа на социјалните мрежи. Дури 54% од испитаниците одговооиле дека тој податок ги вознемирува, но, сепак се подготвени да “жртвуваат” дел од својата интима за да бидат во тек со случувањата, а 30% сметаат дека ќе попуштат нешто доколку не го посетат својот пофил на социјалните моежи.
Македонските граѓани се зависници од социјалните мрежи и гледањето телевизија. Тие голем дел од своето слободно време го трошат да сурфаат на интернет или да ги поделат своите размислувања со своите „пријатели” на социјалните мрежи. По овие свои навики, македонските граѓани многу не се разликуваат од интернетпопулацијата во 62 земји (вклучително и во Македонија) каде беше спроведено истражување на социјалните медиуми наречено „Вејв 6 Бизнисот на социјалната комуникација”.
Ова истражување опфатило 41.738 испитаници кои се изјасниле како ги користат сајтовите како Фејсбук и Твитер за комуникација со брендовите, и што сакаат и што очекуваат од овие искуства.
Годинешново издание на Вејв 6, е исклучително значајно за нас, бидејќи успеавме за прв пат да ја вклучиме и Македонија. Обемот на истражувањата секоја година сразмерно се зголемува, па така нашето лобирање, како и фактот што имаме голем број на интернеткорисници, како и значително присуство на социјалните мрежи, беа аргументи кои не можеа да се игнорираат вели Маја Стојаноска, директор на Универзал Медиа Скопје, кој јавно ги објави резултатите од истражувањето.
Вејв 6 покажа дека испитаниците од Македонија во голем дел ги делат истите навики и размислувања за социјалните мрежи со интернет-корисниците во светот. Македонските испитаници на интернет најмногу менаџираат профили на некоја социјална мрежа: дури 87 % одговориле дека тоа го имаат направено во последните 6 месеца. Понатаму, 84% од нашите испитаници велат дека посетиле официјална веб страница на некоја компанија, додека 74% се приклучиле кон некоја онлајн заедница на одреден бренд.
И ние, како и остатокот од светот, сме загрижени за количината на лични информации која се пласира на социјалните мрежи. Дури 54% од испитаниците одговориле дека тој податок ги вознемирува, но, сепак се подготвени да „жртвуваат” дел од својата интима за да бидат во тек со случувањата. Триесет проценти од испитаниците сметаат дека ќе пропуштат нешто доколку не го посетат својот профил на социјалните мрежи.
Вејв 6 е моќна алатка преку која ја разбираме улогата на социјалните мрежи и која ни дава увид во важноста и влијанието на социјалните медиуми кај нас. Тие стануваат толку значајни во медиумскиот микс што од клучно значење е брендовите и компаниите да почнат да размислуваат како да ги користат овие платформи во комбинација со потрадиционалните медиуми со цел да допрат до повеќе потрошувачи на поефективен начин додава Стојаноска.
Според Стојановска, резултатите од Вејв 6 овозможиле да се издвојат три главни согледувања. Прво, најмоќно социјално искуство е одговарањето на прашањата поврзани со брендовите и поплаките на корисниците. Второ, вебсајтовите на брендовите бргу стануваат едно-димензионално искуство што младите бргу го напуштаат. И трето, и покрај се поголемата загриженост за приватноста на податоците, луѓето се подготвени да ја платат цената кога се работи за социјално поврзување. Универзал Медиа е глобална агенција за медиумски комуникации во чиешто портфолио се вбројуваат најголемите глобални компании како Кока-Кола, Микрософт, Сони, Мастеркард, Џонсон и Џонсон, Лореал, Крајслер и други. УМ е присутна во Македонија уште од 1997 година, како дел од Меккен Ериксон Скопје.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Вечер
Датум на објавата: 16.03.2012
Автор: С.Бл