Тутунарите бараат повисоки цени за следната реколта

//Тутунарите бараат повисоки цени за следната реколта

Тутунарите бараат повисоки цени за следната реколта

До вчера кога и официјално заврши откупот на тутунот, преземена е целата реколта тешка вкупно 21.000 тони. Производителите се задоволни од проценката и од просечната цена која достигна 164 денари за килограм, но не и од исплатата. Со префрлање на средствата доцнат Центро табак и во Струмица табак. Родот беше квалитетен, иако не во количина до 24.000 тони колку што бараа откупувачите.

-Тутунот е откупен до последен лист. Не сме задоволни од цените за втората и третата класа, но клучната забелешка е тоа што само две компании од вкупно осум го почитуваа новиот Закон за тутун во однос на склучувањето договори. За тоа и за навремената исплата ќе стане збор на денешниот состанок во Министерството за земјоделство – изјави Данчо Милески, претседател на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите на Македонија.

Веќе е во тек вадењето евидентни листови кои се услов за склучување откупни договори, но постапката за разлика од минатата година е покомплицирана поради, како што истакна Милески, потребата од замена на старите лични карти со нови, неопходноста од потпишувањето договори на нотар и нерешените имотно-правни односи. Тоа може да придонесе за редуцирање на производство до 40%.

Трошоците на примарното производство годинава се драстично зголемени од лани. Според Милески ако откупните цени останат на сегашното ниво, за прва класа 240 денари, за втора 172 и за трета 125, производството ќе се намали.

-Понудените цени по класи од откупувачите засега не можеме да ги прифатиме. Бараме од првата класа да се скратат по 10 денари и да се додадат на втората и на третата која наместо сегашните 110 денари, би била 135 до 140, а втората не 165, туку 175 денари – рече Милески.

[custom_frame_center]Тутунарите бараат повисоки цени за следната реколта[/custom_frame_center]

Превземено:  Вечер

Датум на објавата: 16.03.2012

By | 2012-03-17T15:05:12+00:00 17/03/2012|Земјоделство|