Новиот правилник за категоризација на хотелите и угостителските објекти им предизвика главоболки на хотелиерите. Бараат измени во правилата и пролонгирање на рокот за исполнување на истите. Хотелската асоцијација идната недела иницира средба со министерството за економија за усогласување на разликите.
Хотелиерите ќе бараат измени на новиот правилник за категоризација. За Сител велат дека за да ги задржат ѕвездите е потребна преголема инвестиција, а периодот за усогласување од 2 години е краток.
Се жалат дека треба да прават доградби на хотелите, бидејќи новините предвидуваат за 4 и 5 звезди повеќе соби од досега. Исто така на секоја 30-та треба да постои една за инвалиди, што е речиси двојно повеќе од моменталните прописи.
Дека има некои построги критериуми признава и претседателот на хотелската асоцијација. Токму затоа менаѕхерите идната недела ќе седнат на заедничка маса со подготвувачот- министертсвото за економија и пазарната инспекција и ќе бараат начин да се усогласат.
Објектите кои се градени во 60те и 70те години во зависност од нивната конструкција некои нема да можат да ги спроведат измените. Се зависи од тоа што треба да се спроведе на терен па и од тоа ќе зависи и времето на усогласување. Ако ние констатираме дека ни требаат 3 години ние ќе побараме 3 години, рече Дончо Танески.
Новиот правилник предвидува во секој објект да биде овозможено и плаќање со картичка, а не како досега пари само на рака. Хотелите со 4 и 5 звезди ќе мора да имаат базен и спа центри, а менацерите и вработените да знаат најмалку еден странски јазик.
Во хотел во Скопје во кој што има 5 ѕвезди и хотел од друг град или пак исто во Скопје кој што има 5 ѕвезди и транспарентна и јасна е разликата. Има 5 ѕвезди во двата хотела, разликата е огромна. Тоа е целата да направиме транспарентна категоризација, рече Ваљон Сарачини, министер за економија.
Во моментот во земјава има 200 хотели, од кои според сегашните правила 11 имаат 5 ѕвезди.
httpv://www.youtube.com/watch?v=mkIbd97KMB4
Превземено: Сител
Датум на објавата: 18.03.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Марина Доковска