Скопска пивара, која што е производител на познатиот светски бренд кока-кола, ги предупредува граѓаните дека одредени лица ги залажуваат граѓаните со наградна игра која воопшто не се спроведува во компанијата.
-Нашата компанија е известена за неколку видови на СМС-пораки, електронска пошта и писма кои им се праќаат на граѓаните, а во кои невистинито се тврди дека примателот освоил награда во наградна игра од компанијата – велат од Пивара.
Писмата се пишувани како да изгледаат формално и како да ги праќа некоја финансиска институција. Често содржеле и број на награди, па дури и чек кој изгледал како да потекнува од Кока-кола. Најчесто насловите на лажните мејлови гласеле Известување за Кока-кола награда”, “Известување за награда во рамки на промоцијата на Кока-кола”, “Новогодишна промотивна акција на Кока-кола во светот”, “Известување за парична помош од Фондот на Кока-кола”.
– Во овој момент нашата компанија не е организатор на ниту една наградна игра. Сите наградни игри што ќе бидат организирани во иднина ќе бидат јасно промовирани на амбалажата – велат од компанијата.
Од Пивара апелираат граѓаните да не одговараат на СМС пораките, електронска пошта или писма со каква било информации.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.vecer.com.mk
Датум на објавата: 19.03.2012