Ќе се Менува Болоњскиот Систем во Високото Образование

//Ќе се Менува Болоњскиот Систем во Високото Образование

Ќе се Менува Болоњскиот Систем во Високото Образование

По 9 години примена професорите, експертите, студентите решија да ги лоцираат слабостите. Донесени се низа заклучоци да се врати усното испрашување, да се испита квалитетот на наставните програми да се заострат критериумите за упис на мастер и докторски студии. Но сега Министерството за образование и универзитетите треба да идлучат што точно ќе се менува.

Да се врати усното испрашување, да се заострат критериумите за упис на мастер и докторски студии, да се испита квалитетот на дисперзираните студии, да се чуе гласот на студентот. По 9 години од воведување на Болоњскиот систем  конечно професорите, експертите и студентите утврдија дека тој има низа слабости и треба да се менува и дополнува. Заклучоците се донесени но допрва ќе се види дали ќе се прифатат.

Конкретно најголемите критики кои излегуваат се во врска до начинот на оценување. Секој кој што ќе заврши прв циклус на студии може да се запише на втор циклус а она што беше претходно постоеја критериуми во просекот кој што студентит ги добил, поминуваат сутденти кои во наредните години кои што немаат искуство во научно истражувачка работа, рече Ана Мицковска Ралева, ЦИКП.

Студентите многу лесно добиваат диплома преку тестови и заокружувања но свесни се дека тука нема квалитет и тие бараат промена на болоњскиот систем.

Мислам дека треба да се промени, веќе не излегуваат квалитетни кадри особено на правен, тој системот за заокружување.

Еден студент на среќа само го помина, ги заокружил тестовите на среќа и положил така да веријатно треба малку да се зголемат критериумите, велат студентите.

Пред една недела центарот за истражување и креирање политики ги доставил заклучоците до Mинистерството за образование и универзитетите. Сега останува на нив дали ќе се сложат со нив и што ќе се промени во Болоњскиот систем.

httpv://www.youtube.com/watch?v=-WHqF9pL5j8

Превземено: Сител

Датум на објавата: 27.03.2012

Термин: 19.00  часот

Автор:  Весна Ќуксановиќ

By | 2012-03-28T01:52:25+00:00 28/03/2012|Образование|