Македонско Вино во Реномирани Американски Ресторани

//Македонско Вино во Реномирани Американски Ресторани

Македонско Вино во Реномирани Американски Ресторани

Македонското вино ќе се најде на трпезите во реномирани американски ресторани преку познатиот увозник Ерик Соломон. 4 вина од Тиквеш ќе се извезуваат на најголемите и најпребирливи пазари 7 контејнери со 60 илјади шишиња треба да отпатуваат годинава.

По една година подготовки Винарската визба Тиквеш започна со извоз на врвни вина на американскиот пазар. За разлика од досегашните испораки на вино наменето за македонската дијаспора, сега се влегува во средниот и високиот ценовен сегмент, преку најголемата дистрибутерска куќа Јуропиан селрс предводена од Ерик Соломон, специјализирана за увоз на високо квалитетни врвни вина од Франција и Шпанија, и тоа од одредени региони и сега од Македонија, најави Игор Илиевски, генерален директор на Тиквеш.

Ова доаѓа после одличната оценка од американскиот  критичар Роберт Паркер, кој даде високи 94 поени за нашето врвно вино, бела вода, вели Илиевски.

Врвните вина на Тиквеш на таканаречениот ХОРЕКА сегмент преку кој се снабдуваат: хотели, ресторани и кафулиња, ќе се продава по цена од 21 до 22 долара за шише, додека од серијата Спешл селекшн од 10 до 15 долари.

Количината која е договорена до крајот на 2012 година е некаде околу 60 илјади шишиња, односно отприлика 7 контејнери, исклучиво од овие четири напоменати високо квалитетни вина, вели Катерина Костовска.

Тиквеш е најголем домашен и регионален производител на вина кој 60% од производството го извезува на странските пазари. Најголем дел во: Словенија, Србија, Хрватска, БиХ, Германија, Британија, Чешка, Финска, Шведска. Следна цел се пазарите на Русија и на Кина.

Првично влегуваме со нискиот ценовен сегмент, но не е исклучена и продажба на врвни вина, за што има интерес, најави Милан Ивановски, комерцијален директор на ВВ Тиквеш.

За годинава Тиквеш планира зголемување на вкупните приходи за 15, а на извозните за дури 26%. Македонија од извоз на вино во 2011-та инкасира над 44 милиони евра, но за жал само една седмина од експортираните 968. 000 хектолитри отпаѓа на флаширано вино. Во вкупниот извоз на флаширано вино Тиквеш учествува со 80%, додека кај наливното вино тој процент е помал.

httpv://www.youtube.com/watch?v=1mTq2CEz0xk

Превземено: МТВ1

Датум на објавата: 28.03.2012

Термин: 17.00 часот

Автор: Свето Николовски

By | 2012-03-29T01:07:20+00:00 29/03/2012|Земјоделство|