Окрупнувањe на Обработливите Површини

//Окрупнувањe на Обработливите Површини

Окрупнувањe на Обработливите Површини

Министерството за земјоделство продолжува со активностите за окрупнување на обработливите површини. Од оваа година во целост го презема и СТИМЕРДЛД – проектот што досега се реализираше со поддршка на Холандија, а чија цел беше институционално зајакнување и развој на капацитетите за консолидација на земјиштето. Државниот секретар Бесир Јашари и холандската амбасадорка во Македонија, Мариет Шурман по повод завршувањето на СТИМЕРАЛД – проектот уште еднаш констатираа дека една од главните пречки за развој на македонското земјоделство е фрагментираноста на земјиштето. Поради малите фарми од 2,5 до 2,8 хектари поделени на 10-ина парцели, производството е неконкурентно и непродуктивно.

Околу 40% од приватните земјоделски стопанства во Македонија се помали бизниси и располагаат со обработливи површини помали од два хектара. Тие главно произведуваат за потребите на домаќинството или за сопствени потреби, а на пазарот го продаваат само вишокот производи со цел обезбедување дополнителен приход. За споредба, во Холандија, посочи амбасадорката Шурман, парцелите просечно достигнуваат од 2 до 50 хектари.

Холандија почна со окрупнување на земјоделското земјиште во педесеттите години на минатиот век. Има големо искуство со овој процес кое сака да го сподели со Македонија и да помогне во неговото имплементирање тука. На почетокот и ние се соочувавме со слични проблеми  мали непристапни парцели и отежнато наводнување  нагласи Шурман.

Во рамки на СТИМЕРДЛД – проектот минатата година директно на терен беа преземени активности за окрупнување на земјиштето. Пилот-општина беше Конче каде со консолидацијата беа опфатени околу 20 земјоделци и се потпишаа девет договори за вкупно 3,96 хектари.

[custom_frame_center]Окрупнувањe на Обработливите Површини[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 04.04.2012

By | 2012-04-04T04:29:31+00:00 04/04/2012|Земјоделство|