Во четвртокот во 20 часот во скопскиот хотел „Арка” ќе се одржи манифестацијата „Избор на 10 најуспешни жени менаџери на Р.Македонија”, којашто годинава во организација на агенцијата „Марили” се приредува по 16 -ти пат.
Изборот го правиме според воспоставени критериуми, избираме од успешни компании од целата република од различни области и дејности, ја почитуваме личната согласност за учество во овој избор, и вклучуваме наши успешни бизнисменки коишто работат во дијаспората.
Манифестацијата ќе се одржи во присуство на 200 гости од областа на бизнисот, дипломатијата, и пишаните и електронските медиуми.
Листата на најуспешни жени-менаџери во Македонија за 2011 година го сочинуваат:
1.Тања Атанасова, маркетинг менаџер во „Вивакс” Скопје, која веќе осум години на висока менаџерска позиција, дел од семејниот бизнис на компанијата;
2. Милкица Глигорова, директор на прозводство во АД „Алкалоид” Скопје, 20 години на висока менаџерска позиција;
3. Марта Наумовска Грнарова, генерален менаџер на „Завар Компани” Скопје, дел од семејниот бизнис, 10 години на висока менаџерска позиција;
4. Елена Младеновска Јеленковиќ, директор на Дирекција замМаркетинг и развој на производи во ТТК Банка АД Скопје, четири години менаџер во ТТК, а претходно работела како менаџер во T-Mobile;
5. Света Богова Јовановска, веќе пет години генерален менаџер на модната агенција „Подиум” и организатор на Моден викенд – Скопје;
6. Снежана Јовановска, генерален менаџер на „БИОкулт”-Скопје, дел од семејниот бизнис и долги години менаџер во други компании;
7. Елита З. Маша, генерален менаџер на „Infinity MG & Wilson School” – Тетово (американска инвестиција);
8. Ана Мијакова Мурџева, директор на свињарска фарма, „Агриа” Велес, осум години на висока менаџерска позиција;
9. Љупка Наумовска, генерален менаџер на „Ханибиз” од Скопје веќе една година во сопствениот бизнис, а претходно менаџер на „Баз Комуникации” и менаџер во Битолска млекарница
10. Ана Линдвал Олсон, две години сопственик и генерален менаџер во OTM Foto & Design / ORD Text Mening, Шведска. Станува збор за Македонка која растела во шведско семејство и ќе биде специјален гостин на манифестацијата . Семејната трагедија – борбата со канцерот ја преточува во роман и сама го издава, па оттогаш се занимава со издавачка дејност и фотографија. Нејзиниот роман „Канцеровиот рингишпил” е многу популарен во јужна Шведска.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.makfax.com.mk
Датум на објавата: 05.04.2012