Винаријата Сковин соопшти дека постигнала нови договори со клиенти од Јапонија, со што ќе се зголеми извозот на македонско вино во оваа земја. Сковин е единствената винарија од Македонија што продава вино на овој далекуисточен пазар.
За нови 800 илјади литри ќе се зголеми во Јапонија. Винаријата Сковин единствената која од Македонија извезува вино во оваа источна земја склучи договор за извоз на наливно вино со третата по ред најголема јапонска винарија Манс. Добриот квалитет на виното и современата технологија на производство според јапонските претставници се пресудни за да се освојат потрошувачите од Јапонија.
– Квалитетот на вината на Сковин е многу добар. Поттикнати сме од тоа а од винаријата континуирано прават напори за уште повеќе да го подобрат квалитетот. Ние сега увезуваме наливно вино во големи количини, но во иднина сакем да увезуваме и вино во шишиња -вели Масато Јанагитаод Канемацу корпорејшн.
Од винаријата Сковин велат дека секоја година двојно се зголемува извозот на вино на јапонскиот пазар. Во 2010 се извезени 500 илјади литри наливно вино додека лани околу еден милион литри. Јапонците најмногу сакале да пијат Шардоне и Вранец.
– Ние почнавме да работиме на некој начин по јапонски стандарди покрај тоа што ги увезувавме тие класични стандарди кои ги бараат европксите пазари целосно го сменивме системот на работа-значи следливоста која што им е нив многу битно почнувајќи од грозјето како го произведуваме како суровина за вино па се до финалниот производ- вели главниот енолог во Сковин Венера Гелебешева Крстиќ.
Сепак Јапонците велат дека на македонското вино му е потребна поголема промоција за полесно да се справи со конкурентните шпански и чилеански вина. Сметаат дека Владата игра клучна улога во промоцијата на виното и затоа потребна е нејзина поддршка.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Si7l6Oyyxt4
Превземено: Алфа
Датум на објавата: 16.04.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Марија Мининчиќ