Земјоделците да ги Пријават Промените во Земјоделските Стопанства

//Земјоделците да ги Пријават Промените во Земјоделските Стопанства

Земјоделците да ги Пријават Промените во Земјоделските Стопанства

Земјоделците кои се евидентирани носители на земјоделски стопанства  се должни да ги проверат и ажурираат податоците во подрачните единици на Министерството за земјоделствосите, кои се однесуваат на промена на големината на стопанството, на производствените капацитети, бројот на трансакциска сметка за исплата на субвенции и слично, соопштија од Министерството.

Ваквата постапка, велат од таму, треба да се заврши пред да  почне аплицирањето за мерките од Програмата за финансиска поддршка, а целта е да се избегнат  проблемите околу  исплатата на субвенциите поради несовпаgjање на податоците или поради некомплетни податоци, односно за да можат субвенциите за земјоделците навреме да бидат исплатени.

Исто така, соопштуваат од Министерството, ваквото евидентирање е и во функција на  комплетирање на компјутерската база на податоци  на Интегрираниот систем за администрација и контрола – ИСАК, согласно европските стандарди, со цел воспоставување и поедноставување на контролата на директната финансиска поддршка на фармерите.

[custom_frame_center]3[/custom_frame_center]

 

Извор: www.kapital.mk

Датум на објава: 17.04.2012

By | 2012-04-17T13:37:04+00:00 17/04/2012|Земјоделство|