АЕК догодина планира да потроши над 11 милиони евра

/, Телекомуникации/АЕК догодина планира да потроши над 11 милиони евра

АЕК догодина планира да потроши над 11 милиони евра

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) идната година планира да потроши вкупно 11,2 милиони евра.

Вкупните проектирани приходи на регулаторот на се за 0,31% помали од приходите предвидени за годинава.

Најголем дел од средствата, или 9,4 милиони евра, АЕК ќе добие како надоместоци за користење на радиофрекфенции, додека останатите приходи ги добива како надоместоци за надзор на пазарот на електронски комуникации, за користење на доделени броеви и серии на броеви, од камати, судски такси како и од тендери.

Во делот на расходите, АЕК планира да штеди на реклами, при што од вкупниот буџет за оваа намена се предвидени 40,6 илјади евра, што е за 37% помалку во однос на годинава. Најмногу пари, или 4 милиони евра ќе се потрошат на капитални инвестиции што е за 15% повеќе од годинава.

Вкупно 1,6 милиони евра ќе се потрошат на интелектуални и други услуги во кои спаѓаат обуки за вработените, организирање работилници и јавни состаноци, консултантски услуги и сл, додека за плати на вработените ќе се потрошат 1,8 милиони евра.

[custom_frame_center][/custom_frame_center]

Извор: www.emagazin.mk

Датум на објава: 25.12.2013