15 илјади граѓани до сега се вклучиле во третиот пензиски солб. Од таму велат дека заштедите се сигурни, а нив осигурениците ќе можат да си ги повлечат со одредена добивка.
Доброволниот пензиски столб станува се повеќе атрактивен за македонските граѓани. По три години функционирање, третиот пензиски столб вклучи над 15 илјади граѓани кои доброволно уплаќаат пари за повисоки пензии во иднина.
Од пензиските друштва се задоволни од функционирање на третиот столб, но не кријат дека постои можност и услови за поголем развој на овој систем.
Што всушност претставува третиот пензиски столб?
Тое е пензиско осигурување кое функционира како доброволно издвојување на средства за пензиско осигурување. Тое подразбира дека корисникот однапред создава заштеда на своја индивидуална или професионална сметка, а потоа тие заштеди ги користи како пензија.
Тоа е нешто ново. Основите на овој тип штедење. Во Европа се развиени пред 30 години и ние денеска во Македонија секаде во развиена Европа можеме да користиме некое даночно олеснување и да одвоиме некој денар на страна за да го трошиме утре кога ќе бидеме повозрасни. Норамално е дека може и многу повеќе да се развува основно е дека човек треба да има пари да остаи нешто на страна, изјави Јанко Тренквоски, КБ прво пензиско друштво.
Од пензиските друштва велат дека ова се сигурни заштеди кои преку професионални пензиски шеми понатаму осигурениците ќе можат да ги повратат назад со одредена добивка. Во третиот пензиски столб може да се вклучат и лица кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување.
Сметаме дека е доста атрактивно земајќи во предвид дека има И некои даночни олеснувања со кои што државата ги поттикнува секаде во Европа И тука во Макеоднија луѓето да штедат преку отварање на пензиска сметка, додава Тренковски.
Државата пред неколку месеца им наложи на пензиските друштва да се ослободат од домашните евро обврзници во странство. Тоа според пензиските друштва ќе ја намали цената на овие хартиите од вредност. Дополнително помали средства ќе се уплаќаат во вториот столб според новиот закон за пензиско осигурување од досегашните задолжителните 6,3% сега 6% од вкупните придонеси за пензиско осигурување.
Превземено: Канал 5
Датум на објавата: 07.08.2012
Термин: 18.00 часот
Автор: Кире Коцевски