PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
7 08, 2014

Македонски Телеком и Т-Мобиле остануваат лидери на пазарот

By | 2014-08-07T14:31:38+00:00 07/08/2014|Економија|

Македонски Телеком и Т-Мобиле во првата половина од оваа година останаа со водечка позиција на пазарот со удел од 65,4 во фиксната и 46,4 проценти во мобилната телефонија. Како што информираат од компанијата, продолжил трендот на пораст на приходите во интернет и ИПТВ сегментот, а има пад во говорните услуги. Приходите од продажба на ниво на Групација во првото полугодие од 2014 година изнесуваат 5.345 милиони денари што е намалување за 13,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година. [...]

1 08, 2014

“ЛУКОИЛ Македонија” повторно прогласена за најдобро претпријатие во Групацијата ОАД ЛУКОИЛ надвор од Русија

By | 2014-08-01T15:46:47+00:00 01/08/2014|Економија|

[custom_frame_center][/custom_frame_center] Групацијата “ЛУКОИЛ” - една од најголемите меѓународни нафтено-гасни компании ја прогласи компанијата “ЛУКОИЛ Македонија” за најдобрa компанија помеѓу своите фирми-ќерки кои оперираат во триесет земји од светот, надвор од Русија. Со решение на раководството на Компанијата “ОАД ЛУКОИЛ”,  ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје по втор пат се здоби со признание за „Најдобро претпријатие за 2013 година“. За изминатите 9 години, колку што “ЛУКОИЛ Македонија” постои [...]

31 07, 2014

„Т-мобиле“ со најповолна понуда за „паметни“ билети во јавниот превоз

By | 2014-07-31T14:32:10+00:00 31/07/2014|Економија|

По четири неуспешни обиди на Јавното сообраќајно претпријатие да се воспостави систем на електронска наплта на билети и автоматска локација на автобусите, на последната електронска аукција што се одржала во петокот, компанијата  „Т-мобиле“  во конкуренција со фирмата „Виста“, дала најповолна понуда. Откако ќе помине законскиот рок за поднесување жалби, ќе може и официјално да се објави за која сума избраната компанија ќе го реализира овој проект кој е во функција на модернизација на јавниот прев [...]

19 06, 2014

КРЕДИТИ: Што нудат банките во летниот шпиц?

By | 2014-06-19T15:21:02+00:00 19/06/2014|Банки|

Намалени камати, ослободување од административни трошоци, забрзани постапки. Деловните банки во пресрет на очекуваната летна побарувачка на кредити, секоја на свој начин таргетира нови клиенти или сака да ги придобие постоечките. Дел од банките се одлучија на пазарот да понудат нови кредитни производи, други пак ги олеснија условите на оние што веќе ги нудат на своето банкарско мени. Некои од банките, по направените анализи решија дополнително да се ориентираат кон компаниите и нивните вработени [...]

27 05, 2014

ДРЕКСЛМАЈЕР Е ОДГОВОРЕН ИНВЕСТИТОР

By | 2014-05-27T15:14:07+00:00 27/05/2014|Економија|

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Успешна година на Дрекслмајер во Македонија Кавадарци / Македонија, 27 мај 2014 година – По повод одбележувањето на годишнината од отворањето на фабриката Дрекслмајер во Македонија, претставниците на Групацијата Дрекслмајер од Германија, како и на менаџментот на фабриката во Македонија на денешната прес конференција го изразија своето задоволство од успехот и резултатите постигнати во првата година од работењето на фабриката. "Се радуваме, што можеме да ја [...]

27 05, 2014

Земјоделските саеми- можност за отворање нови пазари

By | 2014-05-27T13:13:18+00:00 27/05/2014|Економија, Земјоделство|

Искуствата од големите саеми за храна и кај македонските земјоделци ќе внесат новини што ќе значат посовремено производство и пошироки пазари. Струмичките земјоделци неодамна се запознаа со ваквите мерки, но и со можностите за пристап до средства за развој. Стотина македонски земјоделци се запознаваа со најновите достигнувања кај земјоделската механизација на Меѓународниот саем во Нови Сад. Фармерите велат дека потребни се големи инвестиции во механизација, за да се достигне повисоко ниво на зем [...]

26 05, 2014

Google влегува во сателитската индустрија

By | 2014-05-26T10:00:12+00:00 26/05/2014|Информатичка технологија, Телекомуникации|

Интернет гигантот Google е на пат да склучи нов мултимилијарден договор, овој пат насочен кон платформа за сателитски слики. Станува збор за стекнување на Skybox Imaging, а договорот ќе биде за 1 милијарда долари. Skybox Imaging се експерти во фотографии со висока резолуција од сателитите. Компанијата нуди слики, кои помагаат исклучиво на различен тип на бизнис. Таков пример е густината на паркирање во некој регион. Според TechCrunch двете компании се уште се во рана фаза на преговори. Факт е де [...]

23 05, 2014

Без роаминг во Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово

By | 2014-05-23T08:34:10+00:00 23/05/2014|Економија, Информатичка технологија, Телекомуникации|

Според Роберт Орданоски, директор на АЕК, расположението за да се направи цените на разговорите по телефон да бидат како во матичната држава, е огромно Граѓаните на државите на Балканот што се уште не се влезени во Европската унија наскоро би можеле да разговараат меѓу себе без да плаќаат високи сметки за роаминг. Според Роберт Орданоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), расположението за да се направи цените на разговорите по телефон да бидат како во матичната држава, е [...]

22 05, 2014

Карфур и ТЦ РЕМ ги отвораат вратите на 18 јуни

By | 2014-05-22T11:24:10+00:00 22/05/2014|Маркети|

На 18 јуни се отвораат вратите за посетители на новиот трговски центар во Тетово. Вториот трговски центар во градот под Шара се отвора 1 ,5 месеци откако на влезот во Тетово беше отворен Палма Мол, а инвеститорот Ренова и покрај конкуренцијата очекува голема посетеност на уникатниот повеќенаменски комплекс РЕМ, кој вклучува и хотел и станбени единици. - Очекувам РЕМ да стане најпосетуваното место, бидејќи во него ќе бидат отворени реномирани продавници, ресторани, игротеки и други содржини за шо [...]

19 03, 2014

Македонски јазол за Интернет сообраќај

By | 2014-03-19T13:56:45+00:00 19/03/2014|Телекомуникации|

Пониски цени и побрз и посигурен Интернет се очекува со воспоставувањето на заедничкиот јазол за Интернет сообраќајот во Македонија Матрикс. Интернет протокот ќе се одвива само преку домашниот јазол, со кој ќе се поврзат околу 100 домашни Интернет сервис провајдери, наместо преку таквите точки во Виена или во Софија. Инвестицијата за просторот и опремувањето на националната точка за поврзување на целиот Интернет изнесува 300 илјади евра. Интерес за поставување на серверите во македонскиот Матрик [...]