Баскерфест Незаборавна Забава под Отворено Небо

//Баскерфест Незаборавна Забава под Отворено Небо

Баскерфест Незаборавна Забава под Отворено Небо

Интернационалниот, мултикултурен, уличен настан „Баскерфест”, годинава ќе се одржи од први до десети јуни.

Организаторот „Уан веј” и оваа година најавува спектакуларни акробатски и музички точки, кои ќе овозможат незаборавна забава под отворено небо. Така, посетителите на „Баскерфест 2012″ ќе имаат можност да уживаат во фантастични точки на повеќе од триесетина магионичари, акробати, танчари, жонглери, музичари и уметници од Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Боливија…

Еден од организаторите, Фимка Шопова вели дека целта на оваа манифестација е да се направи еден сплет на културни, забавни и уметнички содржини и подигање на свеста и значењето на уличната уметност, воведување нова туристичка понуда и промоција на градот Скопје по теркот на сите светски метрополи.

Гореспоменатата цел, според бројот на посетителите, кој секоја година се зголемува, можеме да кажеме дека ја постигнуваме. Се трудиме секоја година „Баскерфест” да има шарена и богата програма со различни видови артисти, со цел да се задоволи сечиј вкус и да има забава за секого потенцира Шопова.

На први јуни, со почеток во 19 часот, пред „Веро центарот”, легендарниот Крис Бул (одење по жица) ќе се погрижи фестивалот да добие спектакуларно отворање, а „уличниот циркус” потоа ќе се упати кон плоштадот Македонија, каде што градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, и официјално ќе го означи почетокот на фестивалот.

[custom_frame_center]Баскерфест Незаборавна Забава под Отворено Небо[/custom_frame_center]

Превземено: Фокус Дневен

Датум на објавата: 22.05.2012

By | 2012-05-22T04:40:16+00:00 22/05/2012|Култура|