Британски „Ретел“ стартуваше со работа на македонскиот пазар

/, Телекомуникации/Британски „Ретел“ стартуваше со работа на македонскиот пазар

Британски „Ретел“ стартуваше со работа на македонскиот пазар

Британскиот компанија за телефонски услуги „Ретел“ стартуваше со работа на македонскиот пазар. Ретел својата канцеларија ја отвори во ПСМ инкубаторот (Претприемачки сервис за млади), во која ангажира четири вработени, а до крајот на годината најавува нивниот број да достигне девет.

– Гледаме голем потенцијал во Македонија и затоа решивме да влеземе на овој пазар и да отвориме центар за истражување и развој. Се одлучивме канцеларијата на Ретел Македонија да биде во просториите на ПСМ инкубаторот, поради одличните услови кои ги нуди, изјави Данчо Димков, менаџер на Ретел Македонија.

Ретел  е компанија основана во 1986 година во Велика Британија. Се занимава со производство и продажба на опрема за снимање на телефонски повици и IVR, претежно наменети за британскиот но и за светскиот пазар. Нивниот главен производ е Sense (хардверско и софтверско решение), кое постои на пазарот повеќе од пет години. Тоа е опрема за снимање на телефонски разговори на Ретел, која според пресметки, се користи за снимање на над два милиони телефонски разговори секој ден. Има хардвер за телефонски линии, дигитални ISDN и аналогни телефони, како и VoIP телефонија.

Ретел системот, може да биде користен како пасивен снимач на разговори и активен IVR (технологија која дозволува компјутер гласовно да комуницира со луѓе) систем, а развива и апликација за снимање на мобилен уред. Покрај во Британија, има свои канцеларии за истражување и развој и во Израел.

[custom_frame_center]Британски „Ретел“ стартуваше со работа на македонскиот пазар[/custom_frame_center]

Извор: www.sitel.com.mk

Датум на објава: 09.05.2012