Дали ќе се Корегира Скандалозниот Тарифник за Слушање Музика?

//Дали ќе се Корегира Скандалозниот Тарифник за Слушање Музика?

Дали ќе се Корегира Скандалозниот Тарифник за Слушање Музика?

Граѓанското здружение ММИ попушта пред силниот притисок од јавноста. Скандалозниот тарифник за наплата на надомест за слушање музика најверојатно ќе биде корегиран. Министерството за култура од денеска почнува со ревизија на правилникот и на тарифникот кој за сега на ММИ и овозможуваше годишно да собере 10 милиони евра, од кои 3 милиони ќе останат за граѓанското здружение.

ММИ се пишмани. Невладината организација која со актуелниот  тарифник обврза семкарници, капели, аеробик центри, автобуси, банки, детски игротеки да плаќаат за пуштање односно слушање македонска музика преферира на својот сајт ММИ вчера напиша, не сите категории корисници наведени во тарифата треба да го плаќаат овој надоместок туку само тие кои во рамките на обавувањето на својата дејност јавно соопштуваат музика.

Нејасно е што ја натера ММИ да се преиспита, дали притисокот од јавноста бројните приговори адресирани до владата или пак тврдењето дека владата неодобрила ваков правилник и тарифник со најава дека ќе ги ревидира. Со надзор министерството за култура стартува денес. Дали ММИ со вчерашното соопштение можеби најавува дека можеби актуелниот е невалиден и ќе крои нов тарифник и ќе поштеди бројни субјекти меѓу кои и телевизиите кои произведуваат аудио визуелни дела односно видеограми а не формограми. Дали и кој го проверил и ревидирал тарифникот на ММИ во кој на погрешен начин се цитира членот 109 од законот за авторски и сродни права. Во овој член од законот во став 3 стои снимка во смисла на овој закон е отелотоворување на звук или звучни појави од што тие можат да бидат восприемани, умножени или соопштени со помош на технички средства, телевизија или видео запис.

Во овој член од законот не прочитавме, но во правилникот на ММИ кој се повикува на истиот закон стои восприемани, умножени или соопштени со помош на технички средства за механичка и дигитална репродукција како грамафон, ЦД музички автомат, магнетофон, касетофон, радио апарат, телевизор, видео апарат или било кое постоечко или идно средство за репродукција на звук и слика. Повторно е нејасно како е дозволено да се објави ваков тарифник со некоректно цитиран член од актуелен закон на РМ. Канал 5 неколку пати информираше дека телевизиите од групацијата нема да пуштаат македонска музика ако се усвои правилникот или пак ќе мора да воведат ценовник со консултирање на изведувачите за да си ја дозволат обврската наметната од ММИ. Тоа ќе го сторат и хотелиерите и таксистите.

Да пуштаме и да слушаме македонска  музика во сите такси возила во град Скопје треба вкупно да платиме 10 иљади евра на ММИ. Ние немаме толку пари. Гупацијата смета дека тоа плаќање ќе го згасне нашето залагање да доминира македонската музика во возилата и ќе не натера да не слушаме и не пуштаме македонска музика во такси возилата, рече Сашо Рајчевски, претседател на групација на  авто такси превоз на град Скопје.

И баравме начин како да се договориме на она што е реално искористено и ние да платиме, ги сакаме авторите го цениме трудот нивни и сакаме и авторите да добијат средства па дали е со ММИ, дали е преку ЗАМП дали ќе се појави некој трет или четврти но неможиме ние за иста услуга да плаќаме на 5. Да ќе плаќаме ама на еден, рече Дончо Таневски, од Хотам.

Актуелниот тарифник и правилник на ММИ ќе и обезбеди прилично висок прихпд или 30% од вкупно прибраните средства годишно. Доколку според некои процени ММИ наплати 10 милиони евра ќе и останат на располагање повеќе од 3 милиони евра годишно. Што ќе прави со овие милиони кога здружение на граѓани кое не е даночен обврзник, законски не смее да прави профит туку да располага со средства доволно да ги покрие односните трошоци од работењето.

Превземено: Канал5

Датум на објавата: 20.11.2012

Термин: 18.00 часот

Автор: Маја Дамјановска

By | 2012-11-21T11:11:23+00:00 21/11/2012|Македонија|