„Тоа е моментот кога застанува времето и почнува одново да чука срцето, да тече ново време, исполнето, интересно, магично. Да се биде Амбасадор на еден бренд како што е Swatch, со над 100-годишна импресивна традиција, врвна технологија, совршен дизајн, ултимативна прецизност и светска репутација е чест и обврска за секого, а за една урбана девојка е предлог што не се одбива“, рече Дани, со сјај во очите.
(Скопје, 4.05.2012) – Новото пријателство се роди, Дани и Swatch станаа најдобри пријатели. Се запознаат неодамна, но првата средба резултираше со љубов на прв поглед. Swatch како урбан, модерен и неопходен ја покани Дани за свој Амбасадор, а рок дамата беше веднаш заробена од овој беспрекорно точен и прецизен шармер.
Почетокот на ова пријателство Дани и Swatch го обележаа со креативна работилница на која беше направен најголемиот часовник во Македонија. Врската која времето ќе ја потврди беше осведочена од граѓаните на Скопје кои масовно дојдоа, да чкрткаат, бојат и да помогнат во создавањето на двометарскиот ѕиден часовник.
„Тоа е моментот кога застанува времето и почнува одново да чука срцето, да тече ново време, исполнето, интересно, магично. Да се биде Амбасадор на еден бренд како што е Swatch, со над 100-годишна импресивна традиција, врвна технологија, совршен дизајн, ултимативна прецизност и светска репутација е чест и обврска за секого, а за една урбана девојка е предлог што не се одбива“, рече Дани, со возбуда и сјај во очите.
Компанијата „ Божиновски Часовници и накит “ која со лансирањето на швајцарски часовници и официјално стана македонски амбасадор на луксузот, новите брендови ги претстави на отворањето на новиот луксузен продажен простор на плоштадот Македонија.
„Изборот на Дани за Амбасадор на Swatch беше инстант одлука, односно Дани е сето она што е Swatch, урбано, модерно, невообичаено, а сепак со шарм кој плени и едноставно ве заробува за секогаш. Токму затоа овој чекор сакавме да го обележиме со отворање на нов продажен простор и создавањето на најголемиот часовник во Македонија“, изјави Ангела Христовска, маркетинг менаџер во Божиновски Часовници и накит.
Светски признаената историја и традиција на квалитет, како и естетика на најпознатите швајцарски часовници е надоврзана со отворањето на Божиновски сервисен центар на луксузни часовници прв и единствен во Македонија сертифициран по стандардите на Швајцарската часовничарска индустрија.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.radiomk.com
Датум на објавата: 05.05.2012